Лице од струшко Делогожди извршило тешки кражби во куќи во селото

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно осум кривични дела кражба и тешка кражба, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Ш.(20) од струшкото село Делогожди. Во селото, пријавениот во периодот од мај до ноември оваа година, извршил две кражби и шест тешки кражби. Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа, се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото…

повеќе...

Запленето нелегално оружје во струшкото село Делогожди

Три пиштоли и една полуавтоматска пушка како и повеќе парчиња куршуми се пронајдени при претрес извршен вчера во домот на А.Ж.(36) од струшкото село Делогожди. При претресот извршен по претходна наредба од Основниот суд во Струга, полициските службеници од полициската станица во Струга пронајдоа 42 парчиња муниција за полуавтоматско оружје калибар 9 мм. и 15 куршуми пиштолска муниција различен калибар. Оружјето кое А.Ж. нелегално го поседувал е одземено и ќе биде предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје. Покрај трите пиштоли и полуавтоматската пушка…

повеќе...