Концерт во чест на Св. Кирил и Методиј во црквата Св. Софија

Како дел од чествувањата на Св. Кирил и Методиј, во црквата Св. Софија во Охрид, на 27-ми мај (сабота) ќе се одржи концерт на растечка генерација македонски пијанисти. Концерот ќе се одржи под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. м-р Даниел Чуркоски. Во рамки на концертот, воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапат и актерот Јован Цветкоски и сопранот Галина Куценко. Во сабота во 19:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, а во 19:30 часот…

повеќе...

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Охрид. „Припадниците на влашката етничка заедница, со својата богата култура и општествено делување, претставуваат нераскинлив дел од историјата на Република Македонија.Власите со нивната култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница давала и дава значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава. Нивниот придонес е осведочен и во развојот на локалната заедница. Ние како нивни сограѓани сме убедени дека Влашката заедница е…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така…

повеќе...

Ќе се служи света божествена литургија за празникот Спасовден

Во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, на 25 ти мај (четврток) ќе се одржи утрена богослужба со света божествена литургија, по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден. Литругијата ќе биде со почеток во 7:30 часот. WebOhrid

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Јован и Света Емилија

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од…

повеќе...

Преподобен Арсениј Велики

Овој славен светител е родум од една патрициска фамилија во Рим и добро школуван како во светските науки и во философијата така и во духовната мудрост. Кога ја остави сета светска мудрост, се предаде на служба на Црквата и стана ѓакон во големата црква во Рим. Неоженет, повлечен, молчалив, Арсениј мислеше така да го проживее сиот свој живот. Но Промислата Божја го управи неговиот живот поинаку. Царот Теодосиј го зеде за воспитувач и учител на своите синови Аркадиј и Хонориј и го постави за сенатор, опкружувајќи го со големо богатство,…

повеќе...

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак…

повеќе...

Предавање во градската библиотека во чест на празникот на Сесловенските просветители

НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, организираат предавање на тема „Староруска азбука како молитва“. Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник) во просториите на Библиотеката а истиот ќе започне во 12 часот.

повеќе...

Светиот маченик Варвар

Светиот маченик Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема…

повеќе...