Светата великомаченичка Ирина и Светите Мартин и Ираклиј

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабожка од родители незнабожци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Св. Тимотеј, учителот на апостол Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ѝ ги донесе да ги прочита Посланијата на Светиот апостол Павле. Кога се одрече од мажачка го разгневи татко ѝ и тој сакаше да ја…

повеќе...

НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга ќе го одбележи Меѓународниот Ден на Музеите

И оваа година НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM http://museu.ms/event/details/120528/international-museum-day. Овогодинешната тема е – Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите. „Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Во програмата за одбележување на 17 мај се две…

повеќе...

Светите маченици Тимотеј и Мавра

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиавидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној пак му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: „И ти не ги гледаш Божјите ангели што ме крепат“. Тогаш намесникот нареди и ушите му ги прободија…

повеќе...

Отслужена литургија во манастирот Св. Атанасиј Велики (ман. Св. Наум Охридски)

Денес на денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Св. Атанасиј Велики – Танасовден (летен)

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен. Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес…

повеќе...

Света архиерејска литургија за Св.Атанасиј Велики (летен)

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2017 година (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светиот пророк Еремија

Светиот пророк Еремија e роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се…

повеќе...

Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков е син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да…

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска. За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија. Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“ Мартин Ашталкоски IV 2 одделение…

повеќе...

Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки родум е од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во…

повеќе...