Денес е Летник

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и…

повеќе...

Светиот маченик Агатангел Битолски

Денес е празник посветен на Светиот маченик Агатангел Битолски. Овој македонски светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој денес во Бигорскиот манастир се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното петвековно владеење со македонските краишта Агарјаните имале необичен и свиреп обичај за време на тридневното празнување на Бајрам насилно да го преведат во својата исламска вера секој христијанин што ќе го нашле. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев незаштитените и угнетени христијани се сокривале кој како умеел и можел.…

повеќе...

Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и…

повеќе...

Преподобен Еразмо, монах Печерски

Денес е празник посветен на Преподобен Еразмо, монах Печерски. Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му нашепна дека залудно си го потроши имотот: наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее беспатно и беззаконо. Кога му се…

повеќе...

„Подари цвет – разубави свет“ – учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги посетија жените пензионерки

По повод 8 Март – Денот на жената, под мотото „Подари цвет – разубави свет“ учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, традиционално ги посетија припадничките на понежниот пол во Здружението на пензионери. Учениците беа дел од креативна работилница, во која изработија цветови од хартија, приготвија вкусни колачи и десерти и им го честитаа празникот со стиховите од поетот Гане Тодороски: „Жената е… жената е … вита ива миризлива, мека трева што подгрева, боцкав венец крај кладенец, мрава, сешто што преправа, кревко птице назимниче, тивка соба во злодоба, прва љуба…

повеќе...

8ми март – Меѓународен ден на жената

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8-ми март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и…

повеќе...

Преподобен Тимотеј

Денес е празник посветен на Преподобен Тимотеј. Пустиник на местото наречено Символи на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и с ѐ до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, па му ја даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795…

повеќе...

Отслужена света литургија по повод Првата недела од Великот пост

Денес, во Првата недела од Великиот пост, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

повеќе...

Недела на Православието

Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните. Службите за овој ден најчесто вклучуваат и литија околу храмот, при што свештенослужителите носат икони од светителот на храмот и други светители – заштитници, со што ја објавуваат победата. Во областите каде постоја паралелни јурисдикции (како на пример во САД),…

повеќе...

Во Каменско отслужена света литургија по повод Тодорова сабота

Денес, во првата сабота од Великиот пост – Тодорова сабота, во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се беше подготвил за соединување со Спасителот во светата Чаша, со пригодна беседа.

повеќе...