Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци

Денес е празник посветен на Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир…

повеќе...

Отслужена литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга за денешниот празник

Денес, на празникот посветен на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

повеќе...

Тројцата Свети архиереи

На 12 февруари се празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). Oвој заеднички празник…

повеќе...

Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј

Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст

Денес се празнува преносот на моштите на Свети Јован Златоуст. Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13-ти ноември и на 30-ти јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот…

повеќе...

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски. Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави…

повеќе...

Шестиот Вселенски Собор

Шестиот Вселенски Собор Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката. Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај свештенството.

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за празникот Св. апостол Тимотеј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3 февруари 2017 година (петок), во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј). На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 4 февруари 2017 година (сабота), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во…

повеќе...

Одбележан празникот Св. Атанасиј Велики во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски или Танасовден (зимен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. А. Андриоски

повеќе...

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Денес е празник посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет…

повеќе...