Света литургија за празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верниви дека на 14ти ноември (понеделник), во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот посветен на Св. бесребреници Козма и Дамјан. Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.  Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Со свеченост ќе се одбележат 73 години од формирањето на Првата МКНОУПБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, утре во селото Сливово ќе организира свеченост. П Р О Г Р А М А 10:30ч с.Сливово – Положување на свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово. – За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја. – Посета на спомен домот. 11:15ч с.Белчишта – Посета на спомен собата. 11:30ч – Положување на свежо…

повеќе...

Светата маченичка Параскева (Петка)

Светата маченичка Параскева (Петка) Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го…

повеќе...

Свети Великомаченик Димитриј – Митровден

Денес е празник посветен на Светиот Великомаченик Димитриј – Митровден. Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но Димитриј не само што не го…

повеќе...

ОО на СДСМ Охрид со честитка за 7-ми Ноември

СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 72 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше…

повеќе...

Охриѓани чествуваат 72 години слободен Охрид

Свеченостите по повод одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, започнаа денес претпладне во Спомен- паркот на Револуцијата, каде повеќе делегации положија свежо цвеќе, а се обратија претставници на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ. „Овде во Спомен паркот на Револуцијата со пиетет им ја оддаваме нашата искрена почит на сите храбри борци кои учествуваа во Народноослободителната антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги дадоа своите животи на олтарот на слободата. Со крв спечалената слобода, нас и идните генерации не обврзува…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: 7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка до граѓаните, по повод 7ми ноември- Денот на ослободувањето на Охрид. „7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми во поновата локална историја во градот Охрид, а со тоа и во целокупната Македонска историја. Датум кој претставува симбол на стремежот на вековната макотрпна и пожртвувана борба на нашите предци за достигнување на крајната цел конечно совладување на градот Охрид и Македонија.Од тука наша задача е вечно да го славиме овој датум затоа што само на тој начин ќе го спомнеме историскиот континуитет на вековната борба,…

повеќе...

Светиот маченик Анастасиј

Светиот маченик Анастасиј Беше валар на платно и ревносен христијанин. Во времето на гонењето на Диоклецијан овој Божји човек самиот му се јави на судијата мачител во Далматинскиот град Солин и ја исповеда својата вера во Христа. Нечовечно го мачеа пред да го убијат. Телото му го фрлија во морето, но потоа беше извадено и погребано чесно.

повеќе...

Младите од СДСМ Охрид го чистеа и уредуваа спомен обележјето кај „Бајрон“

По повод претстојниот празник 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, младите од СДСМ Охрид вчера реализираа акција за чистење и уредување на спомен обележјето на местото каде што за прв пат во Охрид, во мај 1941 година, е донесена одлука за масовна вооружена борба против фашистичкиот окупатор. Спомен плочата се наоѓа во боровата шума над саат кулата во месноста Месокастро, на местото кое за охриѓани е познато како „Бајрон”, во стариот дел од градот. Спомен плочата е поставена пред 55 години, на 7ми Ноември 1961 година, но охридската…

повеќе...

Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“

Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“ Вака се нарекува една чудотворна икона на Пресвета Богородица. Се празнува по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да ? се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на мојот Син; таму е иконата „Радост на сите тажни“. Свештеникот нека се помоли пред таа икона…

повеќе...