Света литургија за празникот Преп.Параскева (Петка) Епиватска

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27ми октомври (четврток), во манастирот Св.Петка село Велгошти – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Параскева (Петка) Епиватска“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светиот апостол Филип и Св. Нектариј патријарх Цариградски

Светиот апостол Филип Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни…

повеќе...

Спомен на Седмиот Вселенски Собор

Спомен на Седмиот Вселенски Собор Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организација која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава. Нивната мисија го обедини народот на Македонија, независно од етничката, верската или јазичната припадност во заедничката борба за слобода, државност и независност. Годините кои следеа носеа жртви…

повеќе...

ВМРO-ДПМНЕ со честитка по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упати честитка го граѓаните, по повод 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, во која стои: „Денешниот празник преставува симболика на вечната борба на македонскиот народ за слобода и независност. 23.10.1893 година – датум кој e значаен поради зародишот на македонската револуционерна оганизација ВМРО, денес се чествува и поради вечната борба и континуитетот на се она што преставува исконско за македонската земја. Празник на кој треба да се потсетиме на нашите претци, на сите оние кои ги положиле своите животи за Македонија но и датум кога гордо треба…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до сите Македонци и граѓани на Република Македонија. „Славејќи го и одбележувајќи го 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, и денес после 123 години со нескриена восхит се сеќаваме на младите, храбри и одважни луѓе: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, кои го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ. Слободарските идеали, храброста и пожртвуваноста, патриотизмот и херојството на македонскиот народ, преку…

повеќе...

23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Денот на македонската револуционерна борба или Ден на револуционерната борба е државен празник кој се празнува на 23-ти Октомври во Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Овој ден е неработен. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено, на 23 Октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на…

повеќе...

Свети Димитриј, патријарх Александриски

Свети Димитриј, патријарх Александриски Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

повеќе...

Светиот апостол Јаков и Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово,…

повеќе...

Со свеченост ќе се одбележи 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Со пригодна свеченост, што ќе се одржи утре, општина Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На настанот ќе се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, а ќе се одржи и културно – уметничка програма. Настанот е закажан за 12 часот во голема сала на општина Охрид. Се покануваат сите охриѓани да го проследат овој свечен настан.

повеќе...