Свети Евдоким

Денес е празник посветен на Свети Евдоким. Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г. – 842 г.) Евдоким беше млад офицер во војската. Но и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше да зборува со која и да е жена освен со мајка му; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше суетни забави и празнословие. „Сред метежот и суетата на…

повеќе...

Светата маченичка Серафима

Девојка од Антиохија. Живееше во домот на една сенаторка Савина, којашто и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат. Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа ѝ испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога. Пред вратата одеднаш застана пред нив ангел Господов со меч во рацете…

повеќе...

Бакрачески: Св.Климент е наша духовна, културна и национална инспирација

Со низа културни и научни содржини на највисоко државно ниво Охрид и Р. Македонија ги одбележаа 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид. Одбележувањето на јубилејот заврши со Свечена Академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . Во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески, истакна: „Дозволете да ја искажам целата моја почит и почитта на моите охриѓани кон нашиот духовен заштитник и патрон на градот Охрид- св. Климент Охридски.1.100 години од смртта на Светителот и исто толку години од духовното раѓање на неговите…

повеќе...

Светиот маченик Јулијан

Во времето на царот Антонин Свети Јулијан премина од Далмација во Кампанија Италијанска. Беше млад и убав младич, со сета душа предаден на Господ. На патот го сретнаа царски војници кои одеа да ги фаќаат христијаните. „Мир вам, браќа!“, им се обрати Свети Јулијан. По ваквиот поздрав и по кротоста на неговото лице, војниците заклучија дека е хтристијанин. Кога го прашаа, Јулијан им одговори: „Христијанин сум, родум од Далмација“. Уште отворено им призна и дека патува со цел да ги обраќа идолопоклониците кон единствениот жив Бог. Војниците бездушно го натепаа…

повеќе...

Свечена академија по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Во рамки на чествувањата по повод 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент – Охридски, Патрон на градот Охрид, вечерва во ЦК “Григор Прличев“ со почеток во 21 часот ќе се одржи Свечена Академија. Пред присутните е предвидено да се обрати Претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов по што претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ќе говори на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“. Пред присутните во ЦК „Григор Прличев “ќе се обрати и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Свеченостите по повод празникот денес…

повеќе...

Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…

повеќе...

Празнична вечерна богослужба на Плаошник по повод Св.Климент

По повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, вечерва во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид  беше отслужена празнична вечерна богослужба. На литургијата со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј, покрај многуте верници присуствуваа претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и советникот Климе Шешоски. Утре, во манастирот со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Поради денот на жалост, свеченостите посветени на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Св.Климент…

повеќе...

Одложени свеченостите по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Денешните активности кои беа предвидени по повод одбележувањето на 1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски се одложуваат поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен и ден на жалост. Денеска на Плаошник со почеток во 19 часот ќе биде одржана само предвидената Богослужба. Воедно, градоначалникот Никола Бакрачески и Општина Охрид изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и до Општина Скопје за овие немили настани.

повеќе...

Преподобната маченичка Параскева – Св. Петка

Денес е празник посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св. Петка. Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската…

повеќе...

Вечерна богослужба на Плаошник по повод 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 8ми август ќе се служи празнична вечерна богослужба, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод јубилејниот празник 1100 години од упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 19.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј. На 9ти август (вторник) со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Во рамките на издавачката установа „Канео“ при Дебарско – кичевската епархија, излезе…

повеќе...