Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка

По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, илјадници верници од денес попладне се упатуваат кон манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред светицата.  Како и секоја година, за празникот Света Петка, во рамките на манастирот не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири, храна и пијалоци. Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка…

повеќе...

Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско

На денешната вонредна седница на Владата на Република Македонија, Владата донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија. Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани. Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони,…

повеќе...

Света Ана и Спомен на Петтиот Вселенски Собор

Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Спомен на Петтиот Вселенски Собор Овој Собор беше во Цариград за време на царот Јустинијан Велики, во 553 година. На Соборот беа осудени сите монофизитски ереси, како и еретичките списи на Теодор Мопсуестски, на Теодорит Кирски и на Ориген (учење што се…

повеќе...

Светата маченичка Христина

Денес е празник посветен на Светата маченичка Христина. Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. Ѝ…

повеќе...

Охрид домаќин на централните случувања по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент

Со низа културни и научни содржини на највисоко државно ниво, на 8ми август (понеделник), во Охрид ќе бидат одбележани 1 100 години од упокојувањето на Свети Климент – Охридски. Носителите на одбележувањето на овој значаен јубилеј, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Општина Охрид, Македонската академија на науките и уметностите и универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола најавуват впечатливи случувања. Свеченостите започнуваат во црквата Св. Софија каде во понеделник точно напладне ќе биде отворена изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.…

повеќе...

Света Марија Магдалина

Денес е празник посветен на Света Марија Магдалина. Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресвета Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господ трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вторпат заедно со останатите жени Мироносици. Патуваше во Рим, излезе…

повеќе...

Преподобните Симеон и Јован

Преподобните Симеон и Јован Како млади луѓе ги оставија домот и татковината. Симеон остави стара мајка, а Јован млада сопруга. Во обителта на Свети Герасим примија монаштво од игуменот Никон и се оддалечија во пустината, каде што во најтешки подвизи поживеаја многу години. Телата си ги умртвија во мнгоубројни подвизи и беа како две суви дрва. Еден ден Симеон му рече на Јован: „Чувај го своето срце од с ѐ што ќе видиш во светот. До што ќе се допре твојата рака нека не се допира срцето твое. Кога ќе…

повеќе...

Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…

повеќе...

Положено цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците

Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероите во градскиот парк во Охрид, а по повод 2- август, Денот на Републиката. Пред споменикот се поклонија и Делегации на Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца, политички партии и други претставници на јавниот и политички живот од градов.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Илинден

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 2-ри Август – Илинден „Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 2-ри Август – Илинден. Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна татковина, Република Македонија. Празникот Илинден е силно вкоренет во традицијата, но и меморијата на граѓаните на Македонија како симбол на неопокорот на големиот број знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа пред олтарот на слободата. На ден Илинден 1903-та година во славното Крушево нашиот народ манифестираше…

повеќе...