Света Лидија Македонска

Света Лидија е родена во Тијатир (денешен Ак-Хисар), во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои кога стана прв човек во Филипи, во Македонија (па и во Европа), кого светиот апостол Павле го обрати во верата. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа…

повеќе...

Светиот Архангел Гавриил

Денес е празник посветен на Светиот Архангел Гавриил. Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи…

повеќе...

Отслужена света литургија во „Света Софија“ по повод празникот Благоец

Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, по повод празникот Свето Благовештение – Благоец беше отслужена Вечерна богослужба заедно со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Виоскопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игро Никовски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Павел Крцоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Здружението „Зраци“ го одбележа Светскиот ден на здравјето

По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, креативните раце на корисниците на дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ЗРАЦИ“ Охрид дизајнираа производи со кои индиректно го промовираа здравиот начин на живот. Поттикнувањето на креативниот дух, размената на техники и искуства, промовирањето на идејата за заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас беше целта на ваквата активност. Активноста се оствари во соработка со Локалната самоуправа, а во рамките на проектот „Достигнување креативност преку инклузија на младите во општествениот живот“, финансиран…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности по повод Светскиот ден на спортот и здравјето

Како дел од активности во здравствено-превентивната дејност, Црвен крст Охрид во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на спортот и Светскиот ден на здравјето, 7-ми април ќе организира низа активности насочени пред се кон подигање на нивото на свест кај населението за практикување на здрави животни навики и правилна грижа за своето здравје. Како поддршка на активностите на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, на 6-ти април, по повод светскиот ден за спортот, со почеток во 17:00 часот, во кругот на ОУ „Григор Прличев“, Тимовите за…

повеќе...

Света литургија по повод празникот „Свето Благовештение“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Спомен на чудото во Печерскиот манастир и Преподобен Јаков Исповедник

Спомен на чудото во Печерскиот манастир Двајца другари, Јован и Сергеј, се побратимија пред иконата на Пресвета Богородица во овој манастир. Јован беше богат човек и имаше петгодишен син Захарија. Јован се разболе и пред смртта својот син го предаде на старателство кај Сергеј, на кого што му остави на чување прилично количество злато и сребро, со тоа што да му биде врачено на Захарија кога ќе порасне. Но кога порасна Захарија, Сергеј одрече дека примил било што од умрениот Јован. Тогаш Захарија му побара да се заколне пред истата…

повеќе...

Петок е неработен ден за Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2016 година (петок), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Василиј

Светиот свештеномаченик Василиј Презвитер анкирски. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Василиј…

повеќе...

Свети Јаков, епископ и Исповедник

Свети Јаков, епископ и Исповедник Не се знае ни местото на неговото раѓање ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполнил Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпел големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предал својата света душа на Бога, Кому верно Му послужил во овој живот. Живеел и страдал во 7 век.

повеќе...