Според одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поевтинат за половина денар, а дизелот ќе поскапи за половина денар. Новите цени на горивата ќе бидат Еуросупер БС-95 – 78,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 – 80 денари, Еуродизел – 67 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинства исто така ќе поскапи и ќе се точи за 56 денари за литар. Мазутот ќе поевтини за 0,25 денари за килограм и новата цена е 40,425 денари.
повеќе...Tag: дизел
Од полноќ поевтинуваат горивата
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат по пониска цена. Вака денес одлучи регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите, имајќи го предвид курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските пазари, одлучија да ја намалат цената на горивата за еден денар. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизел (Д-Е В) 66,50 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 55,50 денари, додека на мазутот ќе чини…
повеќе...Од полноќ поскапуваат бензините за еден денар
Бензините од полноќ поскапуваат за еден денар, додека цената на дизелот останува непроменета. Ова е најновата одлука на Реголаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 81,50 денари за литар. Цената на мазутот ќе се намали и ќе изнесува 41,04 денари за килограм. Цената на дизелот ќе остане иста и изнесува 67,5 денари.
повеќе...Од полноќ поскапуваат горивата
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата за половина до еден денар. Еуросупер БС -98 и Еуродизел поскапуваат за половина денар, додека пак Еуросупер БС – 95 и екстра лесното масло за домаќинство ќе се точат за цена повисока за еден денар. Мазутот ќе поскапе за 0,716 денари за килограм.
повеќе...Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар
Имајќи ги во предвид цените на суровата нафта на светските пазари, регулаторната комисија за енергетика денес одлучи цените на горивата освен цената на Еуросупер БС – 98, да останат непроменети. Еуросупер БС- 98 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар, односно ќе се продава за цена од 80 денари на литар.
повеќе...Бензинот и дизелот од полноќ поевтини
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се точат по значително пониска цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 100,668 $/барел и е за 5,89% пониска од просечната цена на сурова нафта (106,971 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,1694 ден/$ и е за 1,79% понизок од курсот на доларот (48,0267ден/$) по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените…
повеќе...Дизелот поскап за половина денар
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.
повеќе...Поскапуваат бензинот и дизелот
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87%, односно за 1,34% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 11.02.2013 година. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 116,976 $/барел и е за 0,56% повисока од просечната цена на сурова нафта (116,324 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен…
повеќе...Повторно поскапување на нафтените деривати
Цените на горивата, од ноќеска на полноќ повторно се зголемуваат, бензинот за 2,5 денари, додека пак дизелот за половина денар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,50 ден/лит, и ќе изнесува 71,50 ден/лит. Како што соопштуваат од РКЕ, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 ден/лит така што сега ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за…
повеќе...