Кривична пријава за охриѓанец поради овозможување на употреба на наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Д.(20) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 02.08.2013 година на паркинг кај плажата во Охрид, по извршен преглед во патничко возило, сопственост на пријавениот, затекнат е пријавениот заедно со лицето К.Ш.(19), при што е пронајдено 3,1 грам марихуана. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот дрогата ја набавил од непознато лице и од истата му овозможил да ужива К.Ш.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради пронајдена дрога во неговото возило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.03.2013 година, во Охрид на бул. „Туристичка“ извршена е контрола на патничко возило, управувано од пријавениот при што е пронајдена два грама мешавина од марихуана и тутун. Истиот ден е извршен е претрес и во неговиот стан во Охрид од каде се одземени една таблета „амфетамин“ и 0,1 грам марихуана.

повеќе...

Откриени два килограми хероин на граничниот премин Богородица

Царинските службеници од граничниот премин Богородица – автопат спречија обид за нелегално пренесување на 2 кг високо квалитетен хероин. Денес (06.01.2014година) околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус на транспoртната фирма од Истанбул, Турција. При детален прегледот на патниците од автобусот кај една патничка албански државјанин, на нејзиното тело, поточно над стомакот се откриени 7 (седум) пакетчиња со непозната прашкаста материја со светло кафена боја со тежина околу 2000 грама. По извршеното тестирање на пронајдената светло кафена материја  со тестери за дрога…

повеќе...

Кривични пријави за двајца стружани поради овозможување на употреба на дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Н.(17) и И.Д.(18), двајцата од Струга, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога и психотропни супстанции“. Во текот на април 2013 година, на бул „Туристичка“ во Охрид при извршен преглед над ПМВ, управувано од второпријавениот, а во кое се превезувал првопријавениот и уште четири лица се пронајдени 1,1 грама марихуана, 11 семки канабис сатива и две гранчиња канабис сатива, која сопственост на пријавените, а истите имале намера да ја консумираат со останатите лица во возилото.

повеќе...

Пронајдени 82 семки канабис сатива во дом на охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С. од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во домот на пријавениот во Охрид пронајдени се 82 семки од растението канабис сатива.

повеќе...

Пресечен уште еден меѓународен нарко-канал, запленети речиси 140 килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија –специјални царински мобилни единици реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  марихуана со висок квалитет, при што запленети се 138,936 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен нарко-канал од Р.Македонија преку Р.Бугарија до западноевропските земји. По спроведена повеќемесечна истрага раководена од надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во која се применети посебни истражни мерки, вчера (17.12.) околу 10,30 часот  на ГП “Делчево“  на излез од Р.…

повеќе...

Откриена марихуана во тетрапак сокови

Царинските службеници спречија обид за шверц на марихуанa сокриена во тетрапак сокови. Вчера, 12 декември, околу 11:30 часот, на граничниот премин Табановце, за излез од државата се пријави автобус со македонски регистарски ознаки сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. При царинската конторла, и покрај тоа што сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување селектирано е за контрола лицето  Г.Д. – македонски државјанин. При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2…

повеќе...

Кривични пријави за две лица од Охрид поради лишување од слобода на лице од Лакочереј

Поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Противправно лишување од слобода“, секторот за внатрешни работи Охрид против лицето С.П.(32) и А.Д.(29) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавата, против лицето С.П. се однесува и за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. На 28-ми минатиот месец, пријавените противправно му ја ограничиле слободата на движење на лицето Г.С.(34) од селото Долно Лакочереј и присилно го ставиле во нивното патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ по што на патот кон селото Орман…

повеќе...

Кривична пријава против двајца охриѓани поради овозможување на употреба на наркотични дроги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(40) и Г.Г.(34), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во текот на септември 2013 година, при извршен претрес во домот на првопријавениот во Охрид се пронајдени двајцата пријавени во моментот додека уживале наркотична дрога марихуана. Со вештачењето е утврдено дека се работи за 0,32 грама марихуана помешана со тутун, а истата ја набавил второпријавениот.

повеќе...

Охридската полиција заплени 113 опаковки со хероин и две кеси со марихуана

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, секторот за внатрешни работи Охрид, против З.Р.(29) од Охрид и А.А. (32) од Струга поднесе кривична пријава.  Акцијата што СВР Охрид ја реализира на просторот на Самоиловите тврдини во Охрид, резултираше со  пронаоѓање и одземање на  113 опаковки со опојна дрога хероин и две најлон кеси марихуана наменети за натамошна продажба на наркопазарот во Охрид и Струга. Дел од опаковките се пронајдени кај првопријавениот З.Р. кој близу 30…

повеќе...