Денес е Светски ден на енергетската ефикасност

По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“,  ја известува јавноста дека трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. „Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори…

повеќе...

Пад на цената на електричната енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2013 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.88 денари по KWh што во споредба со првото полугодие од 2013 година претставува пад од 2.24%. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.65 до 7.99 денари по KWh, по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 24.60 до 26.13 денари по nm3 , по…

повеќе...

Груевски: Енергетиката, транспортот, иновациите се нашите приоритети

Иднината на регинот е во ЕУ, а меѓусебната соработка е неодминлив дел од тој процес. Заедничко искористување на економскиот потенцијал на регионот и привлекувањето можни инвеститори е патот до економскиот раст во регионот. Преку регионална соработка земјите на практичен начин го изразуваат единството кој го води регионот во ЕУ и до европските стандарди и практики на соработка. Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска на конференцијата во Лондон во оганизација на ЕБОР на која учествува заедно со колегите од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија и Косово. Тој потенцира дека…

повеќе...

Во месец октомври пораст на потрошувачката на електрична енергија и природен гас

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668 003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5.4%. Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 33.3%, додека бруто-домашното производство со 66.7%. Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 4.316 мил.mn3 што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува раст од 16.7%. Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски…

повеќе...

Охрид ќе остане без електрична енергија во сабота и недела

„МЕПСО А.Д. ја известува јавноста дека заради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна, ќе изврши исклучување на далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид. Надградбата на преносната мрежа ќе се реализира во деновите на викендот: сабота, 13 април во интервалите од 08:00 до 16:00 часот и недела, 14 април во интервалите од 08:00 до 18:00 часот.“ МЕПСО А.Д. и ЕВН Македонија ќе бидат во постојана координација. Додека трае интервенцијата без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои…

повеќе...