Честитка од Груевски до Барозо по повод Денот на Европа

По повод Денот на Европа , претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, упати честитка до претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо, во која стои: „Почитуван господин Барозо, Дозволете ми во оваа пригода да Ви го честитам Денот на Европа – 9 Мај, денот кога се одбележува европското обединување чија цел е мир и благосостојба на граѓаните во Европа. На овој значаен ден се потсетуваме на европските вредности кои се темелат на обединувањето и взаемното почитување на различностите и солидарноста како мотив во меѓусебните односи. Сакам да истакнам…

повеќе...

Делегација на Собранието на Македонија учествува на редовната пролетна сесија на Советот на Европа

Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува од денес, 22 до 26 април 2013 година во Стразбур,  Франција. На сесијата учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови. Свое обраќање на пленарната седница на ПС на СЕ ќе имаат четири шефови на држави и на влади и тоа Претседателот на Германија г. Јоаким Гаук, Премиерот на Грузија г. Бидзина Иванишвили, Премиерот на Романија г. Виктор Понта и Претседателот на Владата на Андора…

повеќе...