Ставрески ги запозна инвеститорите од Татарстан со условите за бизнис во Македонија

Македонија има одлични услови кои може да ги понуди на потенцијалните инвеститори како најниски даноци во Европа и поволности кои ги нудат  технолошко-индустриски зони, а меѓу секторите во кои може да се оствари соработка се земјоделството, информатичката технологија, автомобилската индустрија и туризмот. Ова е пораката од економскиот владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на бизнис форумот во руската Република Татарстан. Татарстан е една од економски најсилните и индустриски најразвиени републики во Руската Федерација. Делегацијата,  во која се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак…

повеќе...

Ставрески: Порастот на БДП потврда дека економијата оди во добар правец

Порастот на БДП во првиот квартал од годинава е охрабрувачки знак за тоа дека македонската економија оди во добар правец и има добри шанси да ја заврши оваа година како што ја предвидовме – со пораст на економијата, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „И претходно истакнувавме дека има податоци како што се порастот на индустриското производство, инвестициите и градежништвото коишто укажуваа на тоа дека првиот квартал ќе биде добар и навистина се потврди  дека имаме добар резултат посебно што во Европа во истиот период беше остварен…

повеќе...

Ставрески: Евтините кредити на Владата преку МБПР отворија над 5.000 работни места

Илјада претпријатија во земјава добија поддршка од евтината кредитна линија што ја обезбеди Владата од Европската инвестициска банка. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека преку обезбедувањето кредитни линии од 250 милиони евра, што преку македонските банки завршија во македонските мали и средни претпријатија, се поддржа македонската економија. „Претпријатијата добија поддршка во текот на кризата, а преку 5.000 работни места се креираа“, изјави министерот. Тој потенцира дека банките се ликвидни, иако кредитната активност е се уште недоволна, но се надева дека ќе биде повисока во наредниот период. „Адекватноста…

повеќе...

Со гарантен фонд ќе се стимулира кредитирањето фирми

Стимулирање на банките да го зголемат кредитирањето на компаниите ќе се обезбеди преку компонентата „гарантен фонд“ од регионалниот проект „Платформа за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан“, што денеска беше презентиран пред банкарскиот сектор во државата. Проектот е со вкупна вредност од 145 милиони евра, а за компонетата „гарантен фонд“ се предвидени 20 милиони евра. Очекувањата на надлежните институции се македонските фирми доколку понудат квалитетни проекти преку комерцијалните банки да добијат 20 проценти од предвидените пари за кредитирање. „Станува збор за гарантна шема со која на банките што…

повеќе...

Средношколските стипендии ќе се зголемат за 500 денари

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска најави реализација на зголемувањето за 25 отсто, односно за 500 денари, на средношколските стипендии.   „Средношколските стипендии ќе се зголемат за околу 25 проценти. Заостанатите стипендии ќе се исплатат во текот на следните две недели. Зголемувањето не можеше да биде реализирано во изминатите девет месеци затоа што беше изборниот период“, изјави денеска премиерот Груевски. Премиерот Груевски придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше во обиколка на изградата на делницата Демир Капија – Смоквица,…

повеќе...

Форум за јавни набавки: Македонија лидер во регионот со електронските аукции

Македонија е лидер во регионот во спроведувањето на електронските аукции за јавните набавки и заштедите што при тоа ги генерира. Одговорните лица се многу попретпазливи при склучувањата на договорите, а корупцијата е во мал обем. На листата на објавени компании кои поради прекршување на законот имаат забрана за учество во јавни набавки, има 25-26 компании. Ова беше посочено на 9. Регионален форум за јавни набавки што се одржува во Скопје. Јавните набавки зафаќаат околу 13 отсто од бруто домашниот производ на Република Македонија. Минатата година се склучија над 23.000 договори…

повеќе...

Ј.П. „Охридски Комуналец“ со долг од 93.776.000 денари

Вршителот на должноста директор на општинското јавно претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денеска пред јавноста ја образложи затекнатата финансиска состојба во претпријатието. При извршените анализи во овој период констатирано е дека вкупниот долг на ЈП „Охридски Комуналец“ изнесува 93.776.000 денари од кои 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 16.491.000 денари обврски кон кредити, а за извршни судски обврски претпријатието долгува 27.329.000 денари. „Дел од овие обврски се наследени пред поделбата на јавното претпријатие која е направена без елаборат за економската оправданост и без делбен биланс“, – истакна в.д. директорката Скрческа.…

повеќе...

Државната каса во април со суфицит

Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари. Вкупните приходи, според објавената табела на Министерството за финансии, изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари. Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, Данокот на добивка со 755 милиони денари. Од акцизи се слеани 1.195 милиони денари, додека неданочните приходи изнесуваат 773 милиони денари. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави…

повеќе...

Ставрески-Богов: Финансискиот сектор стабилен во целина

Финансикиот сектор во Македонија е стабилен и покрај сите нестабилности и несигурности што владеат во светската економија и светските финансиски пазари, констатираа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов  пред денешната редовна средба меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи. „Финансискиот сектор во целина е стабилен. Нема системски ризици. Банките и останатите сегменти на финансискиот пазар успеваат да се справат со актуелните предизвици што ги носат европската и светската криза. Се разбира во одделни сегменти имаме движења кои треба да се…

повеќе...

Ставрески: Договорот за приклучување на Македонија во Јужен тек ќе го потпишеме во јуни

Владата го усвои финалниот текст на Договорот со Руската Федерација за изградба на гасоводниот крак од Јужен тек кон Република Македонија. Финалниот текст, за кој е добиена потврда од руска страна дека се согласува, е усвоен на последната владина седница. Во моментов се утврдува датумот на потпишување на договорот, но се очекува да биде во јуни во Санк Петербург. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МИА. „Поврзувањето со меѓународниот коридор за пренос на гас Јужен тек, за Македонија обезбедува многукратни придобивки. Со Договорот…

повеќе...