Од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата за отпис на долгови

Министерството за финансии го објави јавниот повик за еднократен отпис на долгови на најранливите категории, а од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Центрите за социјална работа во местата во кои живеат или во оние најблиску до местото на живеење. „Со ова практично започна реализацијата на проектот за еднократно отпишување на долговите на најранливите категории на граѓани. Со неговата реализација Владата значително ќе им помоогне на најранливите категории на граѓани кои поради влошените финансиски услови и последиците од долготрајната европска и светска криза не можеле да ги…

повеќе...

Казни за физичките лица кои тргуваат со хартии од вредност на странски пазари

Надлежните институции почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат преку интернет-платформи во хартии од вредност на странски пазари, што е забрането согласно Закoнот за девизно работење, соопшти Министерството за финансии, НБРМ и Комисијата за хартии од вредност. „Сакаме да ја информираме јавноста дека во Република Македонија согласно со Законот за девизно работење, физичките лица – резиденти на Република Македонија, не смеат да вложуваат во хартии од вредност во странство. Според тоа, тргувањето, односно вложувањето во акции, обврзници, инструменти на пазарот на…

повеќе...

Финансиска помош за работодавачите кои вработуваат приматели на социјална помош

Годинава Владата на Р.Македонија донесе законски решенија со кои доколку еден работодавец вработи лице коешто е примател на социјална парична помош, истиот да добива во период од 24 месеци 80 отсто од сумата којашто лицето ја добивало по основ на социјална парична помош. „Сакаме да ја актуелизираме оваа владина мерка и да ја претставиме пред работодавците затоа што таа нуди исклучително добри можности за нив во смисла на финансиска помош од страна на државата со којашто тие би заштедиле дел од трошоците за плати, а од друга страна и да…

повеќе...

Исплатени 75,3 милиони денари субвенции на 2.716 земјоделци

Министерството за финансии денеска исплати 75,3 милиони денари субвенции на 2.716 земјоделци – производители на зеленчук, овошје, како и за одгледувачите на кози. За дополнителна поддршка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети исплатени се 39,5 милиони денари на 1.395 градинари. Висината на поддршката изнесува два денара по килограм за предадени пиперки и корнишони и 1,5 денари за сите останати градинарски култури како домат, брокула, боранија, грашок, праз, морков, целер, пашканат и модар патлиџан. За дополнителна поддршка за овошни култури предадени во преработувачки капацитети исплатени се 27,2 милиони денари на…

повеќе...

Светска банка со поддршка на РМ од 36,4 милиони евра

Денес на сметка на Буџетот на РМ пристигнаа средствата од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка во износ од 36.4 милиони евра. Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведуванје на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку приблекување на инвестиции, олеснуванје на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на во трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој…

повеќе...

Министерството за финансии ги исплати пензиите за август

Министерството за финансии денес ја исплати пензијата за август. На сметките на 287.240 пензионери префрлени се 3 милијарди 579 милиони денари. Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.466 денари. Владата на Република Македонија продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите, на тој начин обезбедувајќи поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.

повеќе...

Исплатени 89,2 милиони денари за обележани грла овци и кози

Министерството за финансии исплати 89,2 милиони денари субвенции на 842 земјоделци за поддршка на две мерки во сточарството. Од нив 81,4 милиони денари се исплатени на 563 земјоделци за обележани грла овци, а 7,8 милиони денари на 279 земјоделци за одбележани грла кози. Поединечно мерката и за овци и за кози изнесува по 1.000 денари по обележано грло. Преку исплата на субвенции Министерството за финансии и Владата на Република Македонија продолжуваат со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во економијата.

повеќе...

Издадена 13. обврзница за денационализација за обештетување на граѓаните

Министерството за финансии денеска ја издаде тринаесетата емисија на обврзници за денационализација во вредност од 10 милиони евра. Со овие обврзници треба да се обештетат сите решенија за денационализација кои станале правосилни од 01.01.2013 до 31.01.2014 година, а во кои како надомест се даваат обврзници. Централниот депозитар за хартии од вредност на сопствениците на обврзниците на домашна адреса ќе им достави известување за личниот износ на емитуваните обврзници. Како што информираат од Министерството за финансии, обврзниците за денационализација пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат за акции…

повеќе...

Исплатени 199,1 милион денари субвенции на 13.781 земјоделец

Министерството за финансии исплати 199,1 милиони денари субвенции на 13.781 земјоделци по основ повеќе мерки. За обработлива површина поледелски култури исплатени се 67.674.764 денари на 3.412 земјоделци. За градинарско производство на отворено и под пластеници исплатени се 29.416.167 денари на 1.540 земјоделци. За обработлива земјоделска површина со добиточна храна исплатени 9.948.594 денари на 4.734 земјоделци. Реализирана е и исплата по мерката одржување на овошни насади во износ од два милона денари, одржување на лозови насади во износ од 3,6 милиони денари и продаден сиров тутун од реколта 2012 во износ од 1,66…

повеќе...

Промовирани ковани пари за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, „Лав“ и „Девица“

Денес, во Народната банка на Република Македонија се одржа промоција на кованите пари за колекционерски цели „Кирил и Методиј“ и на „Лав“ и „Девица“ од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, „Лав“ и „Девица“ се издадени од Народната банка на Република Македонија со oдлуките за издавање кована пара за колекционерски цели, О бр. 02-15/III-4/2014, О бр. 02-15/III-5/2014 и О бр. 02-15/IV-4/2014 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14 и 71/14). Кованата пара „Кирил и Методиј“ ги има следниве карактеристики:  – на аверсот е претставена слика…

повеќе...