Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Државата денеска исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари. Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари. „Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделствот како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

повеќе...

Целосно исплатени субвенциите на лозарите

Државата во целост ги исплати субвенциите на лозарите. Како што информираат од Министерството за финансии 13.767 лозари денеска добија 396 милиони денари и со тоа се завршени обврските за субвенции по оваа мерка. На лозарите им се исплатени по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Најголема исплата има во Кавадарци со 4.615 корисници на кои им се исплатени субвенции од 161 милион денари. Втор на листата е Неготино со 3.000 корисници на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија каде на 1.034 корисници им…

повеќе...

Вработените во Министерството за финансии вежбаат јога

Вработените во Министертсвто за финансии секоја недела во рамките на проектот за тим билдинг „Ручај и учи“ организираат работилници, предавања и други активности. Денеска имаа час по јога, учеа како да се опуштат и да го намалат стресот во работата. Претходно, одржани се предавања од областа на нивното работење и здравата храна, а денеска на дневен ред беше офис јогата. За проектот „Ручај и учи“ во Министерството владее голем интерес за секоја од работнилниците. За денешните часови по офис јога имало дури стотина пријавени учесници. Министерот Ставрески се приклучува на…

повеќе...

Ставрески: Капиталот во финансиската зона ќе доаѓа од проверен извор

Во меѓународната финансиска зона во Македонија секој капитал ќе доаѓа од проверен извор. Регулативата треба да биде заокружена во првиот квартал следната година, а зоната да профункцинира во летото 2015. Првите компании или финансиски друштва се очекува да почнат да работат во македонската финансиска зона во 2016 година. Тоа го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во дебатна емисија на Македонската телевизија. Финансиските зони, укажува Ставрески, воопшто не се наменети за привлекување неидентификуван или нечист капитал. „Напротив, никаква оф-шор зона не се предвидува да се формира. Се предвидува…

повеќе...

Јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година

Министсерството за транспорт и врски денес распиша јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година. Финансиската поддршка ќе се доделува врз основа на следниве критериуми: · Барателот на финансиската поддршка е потребно да има остварено профит од најмалку 25.000.000 евра во 2013 година · Барателот на финансиската поддршка е потребно да има превезено, односно опслужено најмалку 10 милиони патници во 2013 година · Барателот на финансиската поддршк да ги реализира условите дадени во документацијата за барање. ·…

повеќе...

До 15-ти декември поднесување барања за откуп на дворни места

На 15-ти овој месец истекува рокот за поднесување барања за приватизација на дворните места во државна сопственост. Од Министерството за финансии апелираат до граѓаните и фирмите да го проверат статусот на земјиштето кое го користат во одделенијата на Агенцијата за катастар на недвижности и доколку тоа е сопственост на Република Македонија, со запишано право на користење на нивно име, да поднесат барање за приватизација до подрачното одделение на Управата за имотно-правни работи во општината на чие подрачје се наоѓа земјиштето. Право да поднесат барање за приватизација имаат граѓани или фирми…

повеќе...

Исплатени 77,4 милиони денари субвенции за тутунарите

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година. Како што соопшти Министерството за финансии, станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки. „Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во соопштението.

повеќе...

Ставрески: Со „Купи куќа-Купи стан“ државата помага за решавање на животно прашање

Има голем интерес за проектот „Купи куќа – купи стан“, преку кој државата на лицата кои немаат многу пари им помага да го решат своето животно прашање и да дојдат до сопствен дом. Досега ова прашање со финансиска помош на државата во висина од околу 2,5 милиони евра го решиле околу 340 лица. Поради интересот проектот ќе продолжи и наредната година, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на првиот саем организиран за овој проект. „Очигледно интересот е огромен бидејќи се работи за многу добар проект…

повеќе...

Ставрески: Заштита на стандардот на пензионeрите, социјалците и вработените со буџетот за 2015

Заштита на стандардот на граѓаните преку предвиденото зголемување на платите на администрацијата, пензиите и социјалните надоместоци и повеќе средства за капитални проекти, се главните цели на буџетот за наредната година, а за чиј дополнет предлог денеска почна расправата во Собранието на Република Македонија. „Еден од столбовите на буџетот е социјалната димензија. Внимававме во годините наназад да се обезбедат доволно средства за да се исплатат сите права и постојано имавме зголемување на субвенциите, во одделни години и на платите, пензиите и социјалните надоместоци што помогна да се зачува стандардот на граѓаните.…

повеќе...

Светска Банка одобри 70,98 милиони долари за подобрување на патната мрежа

Светска банка го одобри кредитот во износ од 70,98 милиони долари за Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта за Република Македонија. Целта на проектот е да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, првенствено кон коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и опторност кон климатските промени. „Македонија како континентална земја е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој, “објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата…

повеќе...