Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

Во мај зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 292 објекти,…

повеќе...

Се динамизира процесот на легализација на дивоградбите

Со ефикасна координација на надлежните служби во Локалната администрација се динамизира  процесот нa легализација на дивоизградените објекти на територијата на општина Охрид. Во текот на месеците мај и јуни, донесени се 32 решенија за утврдување на правен статус  на нелегално изградени објекти, а 14 се одбиени. Донесени се 46 урбанистички согласности, а поради недостатоци во документацијата , донесени се 152 заклучока за прекин на постапката. Поради ефикасно спроведување на целиот процес во тек е интензивно и комплетно анализирање на предметите, по што ќе следи информирање на граѓаните за тоа што…

повеќе...

Сите нови градби задолжително со приклучок за гас

Сите видови нови градби треба да имаат приклучок за гасоводна инфраструктура со што би се овозможило непречено поврзување по изградбата на оваа инфраструктура. Тоа е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што го  достави Владата  до Собранието на Република Македонија. Тоа е новина во законот, затоа што во досегашните законски решенија не постоеше задолжителна обврска градбите да бидат  проектирани и изведени со приклучок на објектот на гасоводна мрежа. „Со новиот предложен член 11-а се пропишува дека градбата треба да биде проектирана и изведена со приклучок…

повеќе...