Започна реновирањето на хотелот „Славија” во Охрид

Наскоро Охрид ќе добие уште еден луксузен хотел на својата ривиера. Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот „Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов. Со ова, Групацијата покажа дека сè уште се активни и оперативни во Македонија, преку инвестирање во туристичко – угостителскиот сектор. Истовремено, тие најавија и нови вработувања. „Сахара Групацијата е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално…

повеќе...

Истанбул: Македонски туристи „заглавени“ во хотел

Околу 440 туристи од Македонија, се заглавени во два хотела во турскиот град, Истанбул. Од нив, 330 се наоѓаат во хотелот „Севџан“, а останатите 110 се во хотелот „Ларион“, објави ТВ Канал 5. Менаџерот на хотелот „Севџан“ во телефонски разговор за Канал 5, потврдил дека сопственикот или претставникот на туристичката агенција „Јупитер“ од Скопје е задржан во полициска станица во Истанбул. Тој потврдил дека парите што ги платиле туристите во агенцијата не биле префрлени на сметката на хотелот. Станува збор за девет илјади евра за неговиот хотел , односно вкупно…

повеќе...

Во Охрид ќе се гради хотел со пет ѕвезди

Хотел од висока категорија со пет ѕвезди ќе се гради во Охрид. Фирма од Скопје на денешната јавна аукција ги купи зградите од поранешната детска болница со површина од 6 700 м2 за 11 000 денари по метар квадратен или вкупно за 1 милион и 200 илјади евра. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески позитивно ја оцени продажбата на двете згради кои достигнаа четири пати поголема продажна цена од почетната и притоа подвлече дека Локалната самоуправа во ниту еден случај нема да дозволи во Охрид да се купува атрактивно земјиште по…

повеќе...

Стартуваа активностите за подигање хотел од брендот „Small luxury hotels“

Започна градежните активности за подигање на луксузен хотел од светски познатиот бренд „Small luxury hotels” во Охрид. Инвеститорот, домашната компанија “Дивелоп груп” , деновиве стартува со земјените, подготвителни работи. Луксузниот хотел кој ќе биде сместен на атрактивна локација на јужниот дел од брдото кај “Инекс Горица” се очекува да биде готов за две години. „Со тоа охридскиот хотелски туризам влегува во една нова насока кога следејќи ги потребите и барањата на туристите кои што доаѓаат во Охрид се менува и квалитетот и стандардите се подигаат на едно повисоко ниво онака…

повеќе...

Најдобри хотели во светот според Trip Advisor

Секоја година се состава листа на најдобрите хотели на светот, а листата зависи од оценките на посетителите на туристичкиот сајт Trip Advisor и нивните критики за квалитетот и услугите на хотелите кои ги посетиле. Погледнете ја листата на најдобри хотели

повеќе...

Турци ги разгледуваа можностите за изградба на хотели во Охрид

Седум члена бизнис делегација составена од претставници на корпорацијата на фирми кои се занимаваат со туризам, градежништво, рибарство, меѓународна трговија и прехранбена индустрија од Република Турција, вчера доцна попладне беше во официјална посета на општина Охрид. Гостите ги прими заменик градоначалник на Охрид, Ангел Јанев заедно со советникот Иљат Ибраим и раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов. Турските бизнисмени се запознаа со можноста за инвестиции во Охрид, посебно во делот на туризмот и хотелиерството при што тие покажаа особен интерес за градба на хотели но и за инвестирање во…

повеќе...

Охрид ќе добие нов луксузен хотел и аквапарк

Турската компанија Фибула, која го реновираше хотелот Изгрев за Zase.mk потврдија дека веќе откупиле простор на охридското крајбрежје во Охрид и таму многу скоро ќе почнат со изградба на Аквапарк, но и на нов луксузен хотел со над 400 соби. Аквапаркот ќе биде граден по примерот на оној кој е дел од реновираниот хотел Изгрев, но поради просторот ќе биде малку помал. Хотелот ќе биде ултра луксузен, а во него покрај гости од Македонија очекуваат да доаѓаат гости од регионот, од Турција, но и од западноевропските земји, кои веќе ги…

повеќе...

Некој уште сега е спремен за летната сезона

И додека генерално во Охрид мака се мачи да се доведат туристи дел од приватните угостители не оставаат ништо на случајност и веќе од сега се спремни да ја дочекаат летната сезона.  Еден од хотелот кој им пркоси на сите предизвици наречени економска криза секако дека е и „Ројал Вју“. Не туку така е одбрано ова име “Кралски поглед“ , затоа што со својата место положба има повеќе од кралски поглед. Од неговите ретко модерни апартмани, поточно од нивните тераси како на дланка се гледа целото охридско крајбрежје од црквата…

повеќе...

„Хотели Метропол“: Добивката ќе се дели на три дела

Нето добивката на хотели „Метропол“ во висина од 32,4 милиони денари ќе се распределува на три денари, стои во одлуката за распределба на добивката за 2013-та година, објавена на Македонска берза. Дел од добивката во износ од еден милиони 622 илјади и 13 денари се за законски резерви, 21 милиони 735 илјади денари за дивиденда, додека нераспределени ќе остана девет милиони 83 илјади и 245 денари. Извор: Нет Прес

повеќе...