„Во овој момент постигнати се сите потребни услови за одржување на фер и демократски избори на 24-ти април 2016-та. Тоа му е јасно на секој човек во нашата држава, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори за тоа, како што му се јасни секому причините зошто проценката на САД и ЕУ беа такви какви што беа. И како што секому му се јасни причините зошто ВМРО-ДПМНЕ одлучи да прифати мало поместување на изборниот ден“, истакна синоќа лидерот на владејачката…
повеќе...Tag: избори
Две сценарија за (не)распуштање на Собранието
Утре е последниот ден кога пратениците ќе можат да ја изменат или, пак, да ја одложат одлуката што ја донесоа на 18 јануари, а со која е предвидено Собранието да се распушти в среда. Ако ниту една политичка партија утре не поднесе иницијатива да се промени датумот на изборите, Собранието ќе се рапушти и ќе може да заседава само во воени или вонредни услови. Ако 20 пратеника поднесат барање на дневен ред на седница да се стави точка во која се бара промена на датумот на распуштање на Собранието, пратениците…
повеќе...СДСМ: Меѓународната заедница потврди дека нема услови за избори на 24-ти април
Меѓународната заедница денеска го потврди она што СДСМ го говори цело време: на 24-ти април нема услови за слободни, фер и демократски избори, велат од СДСМ. „Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори. Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 ти април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе…
повеќе...Хан порача: Важен е квалитетот на изборите, а не нивниот датум
Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, вечерва преку својот твитер-профил порача дека поважна е суштината и квалитетот на изборите, отколку датумот на кој тие ќе се одржат. „#Скопје, #Пржино договор: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот. Прочитајте го писмото што вечерва #ЕУ-#САД го доставија до премиерот #Димитриев +политичките лидери“, напиша Хан на „Твитер“. Реакцијата на еврокомесарот доаѓа по изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, кој вечерва ја соопшти оцената на ЕУ и на САД за условите за одржување на изборите на 24 април. Во писмото…
повеќе...Бејли: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април
Не се исполнети условите за одржување на фер и кредибилни избори на 24 април, е оцената на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, што вечерва ја соопшти амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли. Американскиот амбасадор ова го сооппшти пред зградата на Владата, откако претходно му го предаде писмото со извештајот на техничкиот премиер, Емил Димитриев. Бејли рече дека иако има одреден напредок, во голем дел не се исполнети условите за одржување на веродостојни избори на 24 април. „Имa извесен напредок, но не е решено прашањето за медиумите, а…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува соработката со посредникот Питер ВанХауте
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да престане да соработува со посредникот Питер ВанХауте. Како што велат од партијата, одлуката се базира на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и континуираните омаловажувања кон народот и Република Македонија. „ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе…
повеќе...Ванхауте: Нема избори на 24 април – денеска ЕУ и САД ќе ја кажат конечната оцена
Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија денеска, како што е најавено, треба да ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Првично, оцената ЕУ и САД требаше да ја соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одлагање на барање на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте, синоќа на својот твитер-профил напиша: „Се работи за ефективни преговори. Се предавам: Нема избори на 24…
повеќе...Партиите побарале одлагање, оценката за условите за изборите – утре
Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија утре ќе ја соопштат оценката за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори. Како што соопштуваат од амбасадите, одложувањето е на барање на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Неофицијално дознаваме од извори блиски до преговарачките тимови, одлагањето било на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Засега не се знае дали политичките партии ќе се обидат до утре да изнајдат компромисно решение за законот за медиуми. До овој момент се уште не е…
повеќе...ЕУ и САД денеска треба да соопштат дали се исполнети условите за избори на 24 април
Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) и на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли, според најавите, денеска попладне треба да ја соопштат оценката за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април. Засега нема официјална потврда на кој начин амбасадорите ќе ја соопштат одлуката, дали лично ќе му ги однесат заклучоците на техничкиот премиер, Емил Димитриев, по што би следувала прес-конференција или пак на друг начин ќе му го испратат извештајот. Првично беше најавено дека извештајот со оценката за условите…
повеќе...Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии
Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино. Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање. „И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија“, рече Димитриев. Тој не гледа ниту една причина 24-ти април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.
повеќе...