Од 7-11 ноември 2013 година, во Гвадалахара, Шпанија ќе се одржи Светско првенство за кадети и јуниори и јуниори до 21 година. Екипата која што ќе ја преставува Карате федерацијата на Македонија е во следниот состав: Кумите: Моника Пендаровска – кадетки -47 кг. Доан Османи – кадет – 63 кг. Михаил Ѓурчиновски – јуниор -55 кг. Мартин Стојменов – јуниор – 61 кг. Виктор Крстевски – јуниор – 76 кг. Емануел Ристевски – јуниор +76 кг. Симона Заборска – јуниорка до 21 год. – 60 кг. Филип Ѓурчиновски – јуниор…
повеќе...Tag: карате
Успех на Македонскиот Кендо тим на Отворениот шампионат во Kендо – Атина Таикаи
Македонскиот Кендо тим во состав: Кесковски Златко, Атанасовски Андреј, Менсур Бојда, Никовски Игор и Димче Панов на Отворениот шампионат во Kендо – Атина Таикаи кој се одржува во Атина, Република Грција, го освои 3-то место во екипна конкуренција од 12 држави и 26 екипи. На прво место беше тимот на Фокуока Универзитетот од Јапонија, на второ место Интернационален тим (Холандија, Велика Британија и Франција) а на трето место Зен Кендо Доџо ЈОШИН – Македонија. Најдобар борец на денешното екипно натпреварување е прогласен Димче Панов од Македонскиот тим.
повеќе...Бронзен медал за Берат Јакупи на Европското првенство за сениори
На Европско првенство за сениори Македонската репрезентација освои еден бронзен медал (Берат Јакупи), едно петто место (ката тим во состав Пуликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска и Марија Матракоска) и 5 седми места (Мартин Петрески, Тодор Ристески, Емил Павлов, Моника Стефановска и Кумите тимот во состав: Берат Јакупи, Симон Антиќ, Сашко Патраклиев, Жарко Арсовски, Иво Цветковски, Мартин Несторовски).
повеќе...Претседателот Иванов ги прими македонските карате репрезентативци кои се натпреваруваа на Европското првенство во Турција
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими членовите на македонската карате репрезентацијата, кои учествуваа на Европското првенство за кадети и постари јуниори, кое се одржа од 8 до 10 февруари во Коња, Република Турција. Повод за приемот на делегацијата на Карате федерацијата на Македонија е остварениот успех на македонските репрезентативци, кои освоија еден златен и два бронзени медали на Европското првенство каде учествуваа 800 натпреварувачи од 44 земји. Македонскиот Карате репрезентативец Виктор Пендаровски освои бронзен медал во категоријата јуниори, Моника Пендаровска освои бронзен медал во категоријата кадети,…
повеќе...Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година
Берат Јакупи освои златен медал на Европското првенство во карате во Конја, Турција, во конкуренција на постари јуниори. Во најтешката категорија +76 кг македонскиот репрезентативец оствари 4 победи, и на доминантен начин дојде до златниот медал. Тоа е негово трето злато, откако беше европски првак во категорија на кадети (во Париз 2009 година) и во Измир во категорија на јуниори (2010 година), со што е првиот македонски спортист кој има европски титули во три различни возрасни категории. Покрај златото на Јакупи кај постарите јуниори, освоени се уште две медали, и…
повеќе...