Во Лагадин комуналниот отпад ќе се подигнува во вторник и петок

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Граѓаните се должни да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на повеќе локации во градот

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека хортикултурно е уреден кружниот тек помеѓу „Булевар Туристичка“ и ул„Бистрица“ каде се засадени зимзелени грмушки и цветен расад. Екипи на претпријатието активно се вклучени во завршните зафати околу уредувањето на пешачката патека кон Горица каде се поставуваат клупи. Темелно е расчистен и искосен „Паркот на пријателство“, лоциран на пешачката патека кон Горица. Неделава со косење и метење се опфатени селата: Лескоец, Косел и Велгошти, а наредната недела ќе бидат опфатени Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Подмоље. Екипите на „Јавна хигиена“ утре ќе спроведат акција за расчистување на комплексот„…

повеќе...

Се уредува Долни Сарај

Пред почетокот на културно-уметничките манифестации кои на најрепрезентативен начин го претставуваат Охрид во текот на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец“ презема вонредни активности за зголемување на хигиената на локациите каде ќе се реализираат манифестациите. Пред почетокот на „Балканскиот фестивал на народни песни и ора“ темелно се расчистува локацијата „Долни Сарај“: просторот од летната сцена и паркинг-просторот се расчистува од расфрланиот отпад, а околниот простор хортикултурно се уредува со косење на тревата и кастрење на суви и надвиснати гранки. Во овие активности ангажирани се 10 вработени од „Јавна хигиена“ и „Паркови…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во рамките на активностите кои ги реализира локалната самоуправа за изградба на пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ започна со активностите за хортикултурно уредување на бетонските жардињери кои се поставени на овој потег (вкупно 7 жардињери). Истите се исполнети со плодна земја, поставен е систем за наводнување, се засадуваат листопадни дрвја од видот „каталпа“ , се формираат цветни леи од сезонско цвеќе и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки. „Повторно е забележано уништување на засадените палми во скејт-паркот каде насилници се обиделе да откорнат една од…

повеќе...

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подигнува од шест часот

ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува корисниците на своите услуги – физички и правни субјекти, дека во периодот од 29-ти јуни(понеделник) до 31-ви август (понеделник) комуналниот отпад ќе се подигнува од 06.00 часот наутро. Од претпријатието велат дека овие активности се спроведуваат, со цел за време на туристичкиот шпиц нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.

повеќе...

Нов систем за наводнување по „Кеј Македонија“

Постоечкиот систем за наводнување на потегот од градскиот плоштад до хотел Палас, покрај пешачката патека по „Кеј Македонија“ е заменет со нов. Поставена е подземна инсталација на системот за наводнување и монтирани се 50 прскалки на овој потег.

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец“, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека уре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Согласно годишниот календар за годинава, оваа акција е последна акција…

повеќе...

Голем избор на цветен материјал во Расадникот на „Охридски Комуналец“

Секојдневно низ парковите во Охрид никнуваат цвеќиња од новата летна цветна реколта. Садниците се од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ кој за оваа сезона произведе 40.000 садници најразновиден цветен материјал. „Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија, газанија, бегонија, вербена, винка, агератум, импатиенс, салвија и др., потоа ружи (полианта, мини и класична) и голем број…

повеќе...

Екс директорка на ЈПК Дебрца заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(28) од Охрид, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во перодот од 24-ти април.2013 година до 31-ви декември минатата година пријавената иако знаела дека бил склучен договор со Друштво за производство, трговија и услуги „Буцко Петрол “ за набавка на гориво за потребите на јавното претпријатие, издавала наредби на вработените за набавка на гориво од бензинските пумпи. Набавката ја извршувала без да изготви платни налози и без одлука…

повеќе...

Уништени јасени на булевар „АСНОМ“

На вандалското однесување на поединнци му нема крај. На неодамна ревитилизираниот дрворед од јасени по булевар „АСНОМ“ искршени се 15 стебла кои ЈП „Охридски Комуналец“ ги имаше засадено. „И покрај напорите на нашето претпријатие за подигнување на еко-свеста и зачувување на јавните урбани добра, постојано се случуваат вакви немили настани со кои се уништува зеленилото кое треба да им служи и на идните генерации.“- велат од претпријатието.

повеќе...