Ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 13-ти јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) УЗ 11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

ЈП Охридски Комуналец: Јавната чистота се одржува интензивно

Екипите на „Јавна хигиена“ при Охридски Комуналец со повеќе активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби. „Темелно се чисти и мети од наноси од песок, земја, ситен отпад, како и ситна вегетација ул.„Железничка“. Се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во населба Даљан. Исто така се расчистува тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача.“– велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите…

повеќе...

Уреден просторот околу игралиштето во Подмоље

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија просторот во центарот на село Подмоље, околу игралиштето. „Теренот беше реконструиран со раскопување и оплеменување со 20 м3 плодна земја, засадена е трева, 50 зимзелени садници и 40 цветни декоративни грмушки.“- велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека и улиците во стариот дел од градот и патеките кои водат до Самоилова Тврдина, Канео, Лабино и Плаошник хортикултурно се дотеруваат. „Веќе трет пат е опфатен стариот дел на градот со косење заради бујната вегетација во пролетниот период.“- додааваат од претпријатието.

повеќе...

Охридските паркови во ново летно руво

Градскиот парк и зелените површини во градот се разубавуваат во нови бои и цветни содржини. Новиот изглед на парковите каде се засадува новата летна цветна реколта ќе претставува препознатлива слика за Охрид во летниот и есенскиот период. „Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум, импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др.“ –  велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Планирано е да се засадат околу 40.000 садници во градскиот парк и голем број зелени…

повеќе...

Искршени канти за отпад по „Булевар Туристичка“

Изминатиот викенд по „Булевар Туристичка„ беа искршени пет канти за депонирање на ситен отпад. Не изминаа 15 дена откако овие канти беа поставени од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ во близина на автобуските постојки, детските игралишта и обрзовните нституции, а веќе голем дел од нив се оштетени или комплетно уништени, велат од претпријатието. Поради несовесноста, ниската култура и вандалско однесување голем број на јавни добра во градот намерно се уништуваат, додаваат оттаму. „Ваквиот однос не само што го нагрдува ликот на градот , туку не принудува повторно да се трошат…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.Бараки)

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (населба Бараки). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Се уредуваат зелените површини во приградските населби и градот

Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица. Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти. Пред престојниот верски празник се расчистуваше и патот…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во УЗ 8 „Билјанини извори“

ЈП „Охридски Комуналец”, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 16-ти мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ 8„Билјанини Извори“. „Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите на Јавна хигиена деновиве интензивно работат на уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка“, вдолж целата должина. „Од двете страни на булеварот, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се расчистуваат одливните шахти. Ангажирани се 6 општи комуални работници, а активностите ќе се одвиваат етапно во следните три дена.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец.

повеќе...

Поставени нови канти вдолж „Булевар Туристичка“

Нови канти за депонирање на ситен отпад се поставени вдолж „Булевар Туристичка“. Акцент е ставен на автобуските постојки, во близина на ОУ „Григор Прличев“, ОСУ „Св.Климент Охридски“, детските игралишта и други локации.

повеќе...