„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Денес во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка”, „Прилепска”, Винковачка”, „Прилепска”, „Будва” и ул. „Кленоец”. Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

повеќе...

Богат асортиман на цветен материјал во Расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“

И оваа сезона во расадникот на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” се произведени голем број на садници од најразновиден цветен материјал. „Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија (обична и висечка), тагетес (џунџуле), салвиа (жарче), целосиа (петлов гребен), импатиенс (лепи јово), агератум, винка и циниа.“ – велат од претпријатието. Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на „Хидробиолошки Завод” каде ќе…

повеќе...

Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Оштетени садниците на пешачката патека

Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот „Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува. Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот „Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.

повеќе...

Се уредува централното градско подрачје

Во текот на денешниот ден, покрај тековните активности на ЈП „Охридски Комуналец”, се изврши уредување на централното градско подрачје кај градскиот плоштад. „Се отстрануваа старите садници кои беа од сортата „виола” (народски очиња) и се заменаа со нови сезонски садници од сортата „џунџуле”. На постоечките држачи за саксии се поставија саксии со „петунија”и се уредија зелениките, а поради поголемиот број на туристи кои го посетуваат градот, и малиот капацитет на клупи, се поставија 5 нови клупи на градскиот плоштад.“ – велат од претпријатието. Друг дел од екипите на претпријатието беа…

повеќе...

Привршува новата патека од мостот до Горица

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес активно се ангажирани на хортукултурно уредување на патеката на потегот од мостот кај „Бијланини извори” до хотелот Парк. „Се полнеа со земја бетонските жардинерии и се засадуваа нови садници од сортата „Каталпа”, како и украсни зелени садници од сортата „Туја” и „Луницера”, кои ќе дадат поубав естетски изглед на патеката.“- велат од претпријатието.  

повеќе...

Украдени садници од пешачката патека кај Студенчишта

Денес повторно е забележана кражба на садници кај пешачката патека која се гради од мостот кај езерската полиција до Горица. Покрај скоро секојдневното крадење на украсни зимзелени грмушки, и садници од видот „Виола”, денес беше забележано дека несовесните граѓани украле 2 листопадни дрвја од видот „Каталпа”, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Ќе се уредува чинарот на ул. „Гоце Делчев“, прекин на сообраќајот во Охрид

Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на ден 03.05.2017 година ќе реализира акција за уредување на крошната на чинарот кој се наоѓа на ул.„Гоце Делчев“ на пресекот со ул „Абас Емин“, населба Кошишта (пред DON маркет). За таа цел на ден 03.05.2017 година од 8:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Абас Емин“ спрема ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кирил Методиј“ во двата правци. Се молат граѓаните во тој период да ги отстранат паркираните возила на горе споменатата локација како не би дошло до несакани последици…

повеќе...

Утре ќе се подигнува акција за кабаст отпад во Лакочереј и Орман

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Лакочереј, с. Горно Лакочереј и с. Орман. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Се расчистуваат јавните површини во Охрид

Од денес па наредните неколку дена сите екипи на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ се  ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид. „Денес се започна со хортикултурно уредување, косење и метење во стариот дел на градот и во с.Подмоље, а ќе бидат опфатени и другите охридски села со чистење и уредување пред претстојниот празник.“ – велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека овие акции ќе траат до четврток, а како поголема активност се започна со чистење на магистралниот пат Охрид – св.Наум.

повеќе...