Пет најсовремени специјални комунални возила ќе добие ЈП „Охридски Комуналец“. Почетокот на оваа крупна инвестиција поддржана од Светска Банка, значајна за подигнување на степенот на јавните комунални услуги во градов , денес беше официјализиран со потпишување договор помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Мухамер Џенгис од компанијата ЕРКА БМЦ, што беше избрана за најдобар понудувач. Градоначалникот Никола Бакрачески, непосредно пред потпишувањето на договорот истакна дека по јавниот повик на општина Охрид од тројцата пријавени понудувачи, ДПТУ „ЕРКА БМЦ 2007“ од Охрид, „Еко Клуб“ од Битола и „Карго макс Македонија“…
повеќе...Tag: комуналец
Искосена тревата покрај улицата „Ристо Чадо“
Денес екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ ја косеја високата трева покрај улицата „Ристо Чадо“ на потегот од Здружение на возачи Охрид до игралиштето кај Стобекс. Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои што го попречуваа движењето на пешаците. Ангелче Андриоски
повеќе...Утре акција за подигнување кабаст отпад на неколку улици во градот
ЈП „Охридски Комуналец”, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре 9-ти мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата „Охридати“. „Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено…
повеќе...Парковите во Охрид блескаат во полн сјај
Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит. Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило“ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ максимално ангажирани за првомајските празници
Заради големиот број на домашни и странски туристи кои во Охрид престојуваа за време на првомајските празници, ЈП „Охридски Комуналец“ вонредно ја ангажира својата оператива, а подигнувањето на отпад на фреквентните локации се зголеми како во летната туристичка сезона -3 пати на ден. Екипите на „Јавна хигиена“ и „Услужна хигиена“, акцент ставија на стариот дел од градот, реоните каде се сконцентрирани викенд-становите, како и викенд населбите и излетничките локалитети, информираат од претпријатието. „Спремни ги дочекавме многубројните гости со акциите кои ги реализиравме пред „1-ви мај„. Со овие акции се расчисти крајбрежниот…
повеќе...Во сабота ќе подигнува кабаст отпад од УЗ 1 „Стар Град“
Согласно испланираниот работен календар за годинава, ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид во месеците мај и јуни ќе ги реализира акциите за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота во различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека 2-ри мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ1 „Стар Град“ . Се молат граѓаните кои…
повеќе...Се уредуваат зелените површини низ населените места во општина Дебрца
Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ деновиве ја спроведува акцијата за средување на патиштата и парковите покрај речните корита во селата Оровник, Волино и Требеништа. Од претпријатието велат дека, во наредните денови ќе бидат опфатени и другите села кои се наоѓаат на територија на општина Дебрца.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ вклучен во чествувањата за Христо Узунов
При изготвувањето на годишниот план за работа, ЈП „Охридски Комуналец“ посебен акцент посветува на одржувањето на јавната хигиена и чистење на локалитети, споменици и спомен обележја каде се одржуваат различни манифестации и празнувања. По повод одбележувањето на 110-годишниот јубилеј од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов темелно се исчисти малиот плоштад каде беа и засадени нови садници, потоа околниот простор околу спомен куќата на Узунов, како и просторот околу неговата биста во градскиот парк.
повеќе...Утре ќе се подигнува зелен отпад од УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“)
ЈП „Охридски Комуналец”, ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 25-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во УЗ12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен…
повеќе...Се уредуваат улиците во „Стар Град“
Екипите на „Јавна хигиена“, согласно Програмата за работа за 2015 година, темелно ги расчистуваат јавните површини во УЗ1 „Стар Град“. „Сите улици и пристапни патеки се метат, а зелената околна вегетација рачно се коси.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Денес се уредуваа улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Илинденска“ и месноста „Горни Сарај“, а во следните денови, како што велат од претпријатието ќе бидат опфатени сите улици од оваа урбана заедница.
повеќе...