Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

ЈП „Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона, постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. „Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.“– информираат од претпријатието. Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.

повеќе...

Акција за чистење во Пештани – На „Кузман Капидан“ се санираат дрвјата

Екипите на „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на јавните површини во Пештани. Се расчистува центарот на селото и улицата која води до основното училиште од наносите од земја, песок и чакал кои со силните врнежи беа слеани од планината кон пониските делови. „Ангажирани се 4 работници и според наши проценки ќе се подигнат 4 м3 земја и друг отпад.“– велат од претпријатието. И во Пештани е евидентирано уништување на урбаната опрема каде од депониран запалив отпад е оштетена канта за депонирање ситен отпад. Екипите на „Паркови и зеленило“…

повеќе...

Се уредуваат охридските паркови и се отстрануваат оштетените гранки по невремето

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, денеска работат на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”. Повеќегодишните растенија и декоративни грмушки се режат. Една екипа од ова претпријатие работи на отстранување и сечење на гранките од дрвја во дворот на касарната „Михаило Апостолски“ кои беа скршени и оштетени од снежните врнежи и го нагрдуваа тротоарот на улица „Радојца Новичиќ“.

повеќе...

Повторно запален контејнер – овој пат на ул. „Македонски Просветители“

Измина само едно деноноќие откако беше забележан изгорен контејнер на улица „Пере Тошев„ и откако ЈП „Охридски Комуналец“ упати апел до граѓаните да не фрлаат недогорени остатоци во контејнерите, денеска повторно е евидентиран изгорен контејнер на улицата „Македонски Просветители“ наспроти „Противпожарната територијална единица“- Охрид. Фотографиите сами зборуваат, но дали ќе проработат совеста и казните …

повеќе...

Се подигнува металната конструкција од тротоарот на улица „Мирче Ацев”

По налог на општинскиот Инспекторат денес ЈП „Охридски Комуналец ја расчистува локацијата на улица „Мирче Ацев” во близина на градинката „Лихнида”, каде од приватен имот на тротоарот беше падната метална конструкција и гранки од киви. „Ангажирани се 4 вработени за сечење на гранките и конструкцијата, утовар, транспорт и депонирање на истите.Бидејќи сопственикот не презеде никави мерки за расчистување на конструкцијата со што беше загрозено движењето на пешаците по јавната површина, општинскиот Инспекторат ќе му достави фактура за расчистувањето.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Се расчистуваат одрон кај авто кампот „Елешец“ и коритото на реката Сушица

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, една екипа на ЈП „Охридски комуналец“ денес работи на расчистување на одрон лоциран над авто- кампот „Елешец”. Активноста на расчистување, депонирање и транспорт на одронот се реализира со двајца ракувачи на специјални возила кипер и ровокопач. Друга екипа од ова јавно претпријатие пак е ангажирана на расчистување на речното корито на реката Сушица од натрупаниот отпад, пластични отпадоци и шут во близина на ДООЕЛ „Отпад”. Од ЈП „Охридски Комуналец“ меѓу другото информираат дека утрово е евидентиран целосно…

повеќе...

Запален контејнер на улица „Пере Тошев“

Многу често ЈП „Охридски Комуналец“ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на улицата „Пере Тошев“ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица“ и тука беа поставени три контејнери за депонирање на комунален отпад. „Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување…

повеќе...

Исчистени наносите од песок и земја низ улиците во Пештани

Улиците во Пештани кои деновиве беа затрупани со наноси од песок и земја од невремето, денес се исчистени од страна на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и ЈП Македонија-пат“. Фото: А.Андриоски

повеќе...

Активности по повод „Прличеви беседи“ 2015

Согласно Програмата за работа за 2015 год. и зацртаните активности за подигнување на нивото на хигиена по повод празнувања и одржување на манифестации, денес екипите на Јавна хигиена и Јавно зеленило темелно расчистуваа локации по повод манифестацијата „Прличеви беседи“ 2015. Хортикултурно се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на ОУ „Климент Охридски“. Беа уредени крошните на околните дрвја кои заради последните снежни врнежи беа оштетени, се засадија нови зимзелени садници од видот „котонастер“ и целиот простор темелно се исчисти. Темелно се расчистуваше и просоторот околу…

повеќе...

Од градскиот кеј подигнати 30м³ отпад

Како последица на силниот ветер од јужен правец на градскиот кеј беа натрупани големи количини комунален отпад. Во изминативе два дена ЈП „Охридски Комуналец“ подигна 30м³ отпад од градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холанскиот Парк. Беше ангажиран ровокопач, два камиони за утовар и одвоз на отпадот, тројца комунални работници кои рачно од езерските води го расчистуваа отпадот и 10 метачи. Од езерските води подигнати се огромни количини пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад. На лице место увид изврши и Општинскиот инспекторат, по чиј налог се спроведоа овие…

повеќе...