ЈП „Охридски Комуналец“ врши продажба на пластични канти за отпад

ЈП „Охридски Комуналец“ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид, како и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200,00 ден. Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ ќе учествува во акцијата „Македонија без отпад“

ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со локалната самоуправа ќе земе активно учество во националната акција за чистење „Македонија без отпад“, која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Акцијата ќе се реализира на 4-ти октомври (сабота) со почеток во 06.00 часот, а ЈП „Охридски Комуналец“  ќе го расчистува патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до село Подмоље. Од претпријатието ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата, а од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе…

повеќе...

Утре акција за кабаст отпад во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“)

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре (сабота 27-ми септември) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Започна украсувањето на зелените површини со есенски цвеќиња

Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со разубавување на зелените и цветни површини во градското и вонградското подрачје со засадување на есенскиот саден материјал од видот хризантема. Првите цветни катчиња со хризантеми никнаа кај паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“ и паркот кој го симболизира влезот во Охрид кај сообраќајната клучка од магистралниот пат Скопје-Охрид. Есенскиот расад се произведува во сопствениот расадник и застапени се хризантеми со различна големина и широк колоритен спектар. Предвидено е засадување во градскиот парк, парковите кај кружните сообраќајници и други позначајни локации.…

повеќе...

Силниот ветер им донесе полни раце работа на „Јавна хигиена“

Нестабилното време кое во изминативе два дена го зафати охридскиот крај, проследено со силен југозападен ветер им донесе полни раце работа на екиите на „Јавна хигиена“. Големите бранови по охридскиот кеј исфрлија големи количини комунален отпад и реса, а бехатон подлогата по кејот се прекри со слој од ситен песок кој се расчистува рачно, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. „Од тие причини вработените од „Јавна хигиена“ се вонредно ангажирани околу расчистување на кејот. Во текот на вчерашниот ден се работеше до 20.00 часот, а денес продолживме од раните утрински часови и…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 8 „Билјанини Извори“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 20-ти септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8 „Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Се средува паркот пред мостот кај „Билјанини Извори“

Екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно го уредуваат паркот лоциран пред мостот кај каналот „Билјанини Извори“. „На локацијата од отстранетитe киосци ќе се засадува трева, а во најскоро време на целиот простор треба да се постави систем за наводнување. Уредени се крошните од дрвјата и отстранети суви гранки. Расчистена е и областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Утре акција за кабаст отпад од „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба „Охридати“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) 13-ти септември ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата „Охридати“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите…

повеќе...

Извршено кроење на дрворедот во дворот од Гимназијата

Рано утрово беше извршено кроење на дрворедот кој се наоѓа во дворот на охридската Гимназија – ОСУ „Св.Климент Охридски“. Кроењето го изврши Ј.П. „Охридски Комуналец“ во координација со управата на училиштето. Поради големината на дрвјата, нивните гранки често сметаа на паркингот покрај Маларична, како и на тротоарот, врз новозасадените дрвца од дрворедот на улицата „Димитар Влахов“. Ј.П. „Охридски Комуналец“ и во иднина, во соработка со основните и средните училишта од Охрид ќе спроведува вакви акции. WebOhrid

повеќе...

Се расчистува речното корито на реката Сушица

Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж ул.„Радојца Новичиќ“ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, ЈП „Охридски Комуналец“ веќе две недели спроведува акција за претходно расчистување на теренот. „Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува, а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило“ рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму додаваат дека…

повеќе...