ЈП „Охридски Комуналец“ постави цветни саксии со бели висечки петунии на канделабрите во старата охридска чаршија. За оваа намена претпријатието набави доволно саксии за да има по две на сите канделабри од фонтаната кај чинарот до чајџилниците на улица „Гоце Делчев“ и до крстосницата кај Охридска Банка. Нови цветни насади со сардели денес беа засадувани и во парковите околу пристаништето.
повеќе...Tag: комуналец
Се уредуваат зелените јавни површини низ градот
Екипите на „Паркови и зеленило“ денеска беа присутни на многу локации во градот уредувајќи ги зелените јавни површини. Денеска се засадени се околу 2,500 садници од летната цветна реколта на градскиот плоштад, малиот плоштад и в долж ул. „Кеј Маршал Тито“. Искосена е високата трева пред судентскиот дом „Никола Карев“ на еден метар од пешачаката патека, бидејќи станува збор за приватен имот. искосен е тревниот појас вдолж ул. „Булевар Туристичка“ и „Железничка“ искосена е тревата кај кружната сообраќајница на ул.„Јане Сандански“ и паркот во…
повеќе...Се уредува тротоарот на улицата „Карпош Војвода“
Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово го средува тротоарот на улицата „Карпош Војвода“ кој беше прекриен со трева. Беа исечени и исушените остатоци од дрворедот, каде за жал, од страна на несовесни граѓани беа искршени младите дрвца. Покрај ова беше исчистен и тревникот (сoпственост на станарите), кој во минатото беше неуреден и полн со отпадоци.
повеќе...Украдени садници од градските зелени површини
Изминативе денови зелените површини во централното градско јадро, како и новозасадените садници во бетонската жардињера на ул.„Железничка“ беа деградирани од страна на несовесни поединци. Од ЈП „Охридки Комуналец“, информираат дека украдени се околу 60 садници од различни видови: палми , зеленики, украсни грмушки и цветни садници. Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ“ одморалиште кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња. Украдени се садници од паркот пред…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на повеќе локации
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, согласно програмата за тековна работа денес со активности на повеќе локации. Се косеше, уредуваше и чистише во с.Подмоље, ул.Кленоец, ул.Живко Чинго и 15-ти Корпус. Исто така, денес екипите на „Паркови и зеленило“ во градскиот парк засадија џунџулиња, кои ќе ги красат охридските паркови во летниот и есенскиот период.
повеќе...Во сабота ќе се подига кабаст отпад од У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека во сабота, 7-ми јуни, ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Маала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат…
повеќе...Се расчистува каналот „Билјанини Извори“
Во соработка со Капетанијата на пристаништа-Охрид и локалната самоуправа, ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистува каналот „Билјанини Извори“, на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција. Потегот се расчистува од трската и отпадот која плива во езерските води, а заради непречена проодност на пловните објекти дел од овој потег ќе се прошири,информираат од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“. Заради непристапниот терен активностите ќе се извршуваат рачно од чамец.
повеќе...Се чисти крајбрежниот појас на потегот од пристаниште до хотел Милениум
Крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотел Милениум денес се расчистува од наноси на окрек, реса и друг вид отпад. Ова е период на цветање на езерската алга, па во наредните три месеци „Охридски Комуналец“, континуирано ќе го расчистува овај потег, согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год., по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат. Расчистувањето се врши дел машински, дел рачно со ангажирање на работници кои ќе ја расчистуваат ресата од чамец. Во текот на денешниот ден подигнати се 4 м3 отпад.
повеќе...Нови 30 илјади миризливи цветови ќе го разубават градскиот парк во Охрид
Oд понеделник (2 јуни), екипите на „Паркови и зеленило“ ќе започнат со засадување на новата реколта сезонско цвеќе кои ќе ги красат охридските паркови во летниот и есенскиот период. Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум,импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др. Замената на очињата со новите цветни видови од понеделник ќе се реализира со зголемен интензитет (планирани се околу 30.000 садници) во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во…
повеќе...Продолжи асфалтирањето на ул. „Ѓорги Сугаре“
Во насока на подобрување на патната инфраструктура Локалната самоуправа со забрзано темпо во пресрет на летната туристичка сезона ја реализира програмата за комунален развој. Изминатиот период се вршеа повеќе инфраструктурни зафати во населба 15-ти Корпус. Асфалтирање на улицата „Ѓорги Сугаре“ се врши во две фази. Во првата фаза се асфалтираше крак со површина од 760 м2, а во втората фаза се асфалтира крак со површина од 700 м2 или вкупно се асфалтира површина од 1 460 м2. Претходно на оваа улица се изврши поврзување на канализационата мрежа, а се реконструира…
повеќе...