Хортикултурно уреден чинарот на улица „Питу Гули“

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ при „Охридски Комуналец“ го оплеменија просторот околу чинарот на ул. „Питу Гули“ во Урбана заедница „Горна Влашка Мала“. Засадени се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П. „Градски Гробишта“ ги заменија оштетените клупи. Со ова хортикултурно уредување локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница доби нов лик. Со вакви акции ќе се продолжи и во наредниот период создавајќи нови зелени катчиња на повеќе локации во сите урбани заедници во општина Охрид.

повеќе...

Општинскиот инспекторат ќе работи во две смени

Комуналната инспекција и редарските служби при општинскиот инспекторат од понеделник 10-ти февруари ќе работат во две смени со цел да се врши поголема контрола на јавната чистота, односно сите несовесни граѓани кои ќе бидат затекнати како фрлаат отпад, градежен шут или зелен отпад на несоодветни места или притоа ја загадуваат и нагрдуваат околината, ќе бидат казнети согласно Законот за јавна чистота. Сопствениците на приватни имоти мора да се придржуваат на членот 6 од Законот за јавна чистота кој гласи: „Корисниците, односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на…

повеќе...

Се расчистуваат дивите депонии

Општинскиот инспекторат во соработка со Секторот за комунален развој и сообраќај и ЈП „Охридски Комуналец“, отпочнаа акција за расчистување на дивите депонии што се наоѓаат покрај сообраќајниците. Во текот на денешниот ден беа исчистени депониите што се протегаат на  патот од село Орман до село Лакочереј. Акцијата има за цел да овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата. Вакви акции ќе следуваат и во наредните денови на повеќе места низ Охрид.

повеќе...

Во 2014 година подобра соработка Комуналец – Инспекторат

По предлог на директорката на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денес беше одржан состанок со претставници од Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат и комуналните редари при локалната самоуправа. Целта на овој состанок, како што истакна Директорката Скрческа е подобрување на меѓусебна соработка и транспарентна комуникација  во 2014 година во доменот на одржување на  јавната чистота,  јавното зеленило и услужната хигиена. „Бенефитите од подобрата взаемна соработка ќе се ефектуираат не само во работата на јавното претпријатие и Инспекторат, туку генерално во подобрување на сликата и имиџот на градот како наш најголем туристички…

повеќе...

Акција за чистење на потегот Косел-Вапила-Сирула

Согласно Оперативната програма за 2014 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до селата Вапила и Сирула. Детално се расчисти расфрланиот отпад  на овој потег (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).

повеќе...

Силниот ветер наталожи огромни количини отпад по кејот

Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожени големи количини отпад (трска, муљ, пластика и друг вид отпад). Од тие причини екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вонредно се ангажирани во секојдневното расчистување на кејот и подигнати се 15м³ отпад.

повеќе...

Хортикултурно уреден Малиот плоштад

Екипите на „Паркови и зеленило“ го разубавија Малиот плоштад на просторот од поранешната библиотека со засадување на декоративни садници и цветен сезонски саден материјал, дополнети со визуелно естетски елементи (ќупови, украсни камчиња и др.). На овој простор се засадени 6 палми, 350 очиња, 72 зеленики и 25 туи.

повеќе...

Набавена опрема за ЈПК Дебрца

Општина Дебарца денес изврши набавка на камион и багер кои ќе бидат наменети за потребите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта. Имено, изминатиот период беа набавени контејнери и алати за сечење на гранки, а како што велат од општината, со тоа ќе бидат подобрени условите за работа на претпријатието и навремено ќе се решаваат зададените проблеми. Покрај тоа, општина Дебарца изврши и субвенционирање на Јавното претпријатие во висина од 50.000,00 денари. „Општина Дебарца, откако е предводена од градоначалникот Игор Трајкоски до денес има вложено 3.700.000,00 денари за…

повеќе...

Припреми за Богојавление-Водици

Ј.П. Охридски Комуналец Охрид со сите расположливи ресурси активно е вклучен во организација за одбележување на празникот Богојавление Водици. На градското пристаниште е поставена мала бина.Со верски знамиња е украсен градскиот плоштад, ул.Коста Абраш и ул.Цар Самоиул. На улицата Македонски Просветители и плоштад се поставени државни знамиња и знамиња на општина Охрид. Извршено е украсување со зеленика и бршлен на бродовите “Александрија 1″,”Александрија 2″ и бродот “Галеб”, светилникот и канделабрите околу градското пристаниште. На градското пристаниште поставени се 20 тезги и заштитна ограда.Ќе се постават 20 канти за отпад на градското пристаниште…

повеќе...

Традиционално за Василица во „Охридски Комуналец“ се бараше паричка

Верскиот празник Василица – Стара Нова Година го одбележаа вработените во Ј.П. „Охридски Комуналец“ со вртење на василичарска пита. Негувајќи ги традиционалните обичаи за охридскиот крај, се бараше паричка во пита која според верувањата на оној на кој ќе му падне, новата година ќе му биде среќна и бериќетна. Оваа 2014 година ќе биде среќна и успешна за Виолета Шапкароска.

повеќе...