По објавениот Јавен Конкурс од страна на градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски за избор на Директор на Јавното Претпријатие за Комунална Дејност Дебрца, беше именуван Директор на ЈПК Дебрца. Имено со Решение на Градоначалникот Трајкоски за Директор на ЈПК Дебрца беше именувана Јасмина Мицкоска-Дипломиран Економист која воедно беше и единствен кандидат кој достави документи по гореименуваниот оглас.
повеќе...Tag: комуналец
Се расчистува езерската алга покрај градскиот кеј
Од вчера екипите на „Јавна хигиена“ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се презедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03:00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките…
повеќе...Комуналец секојдневно на терен и во приградските населби
Во периодот од 24.06.2013 год. до 06.07.2013 год. се изврши генерално косење на селата и приградските населби во општина Охрид, каде беа опфатени селата Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, н.Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово, а со цел да се олесни понатамошното одржување на хигиената. Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите по целото крајбрежје : *…
повеќе...Нападнати вработени од Комуналец
Утрово околу 6:15 часот, двајца вработени во „Јавна Хигиена“, извршувајќи ги своите секојдневни работни обврски се нападнати од страна на две непознати лица. Едниот работник е нападнат на ул. „Никола Карев“ пред маркетот „Стоп Шоп“, а потоа насилниците бегајќи го пресретнале другиот работник кој ги празнел корпите за ситен отпад на ул. „Булевар Туристичка“, во близина на Гимназијата, па го нападнале и него. Вработените од силните удари се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош. Случајот е пријавен во…
повеќе...Се расчистија 4 диви депонии во Св.Стефан
Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на диви депонии на четири локации во населбата Свети Стефан (од плажа „Горица 3“ до поранешната детска болница). И оваа акција се спроведе по налог на Комуналната инспекција и се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги деградирале горе наведените локации. Ангажирана беше специјална механизација, 4 работници и подигнати се околу 30 м³ отпад. Во интерес на туризмот и граѓаните, ниската еколошка свест на поединци, не смее да го нарушува имиџот кој…
повеќе...Ќуповите за жал завршуваат во езеро
Веќе подолг период поголема група од деца го деградираат градскиот парк на потегот од х.Ројал до х.Милениум. Овој потег е хортикултурно уреден од страна на екипите на „Паркови и зеленило“, засадено е сезонско цвеќе, украсни дрвца и поставени се декоративни земјени саксии. Но децата играјќи го злоупотребуваат просторот, ја оштетуваат тревата, ги кршат цвеќињата и дрвцата, а недоличното однесување кулминира со фрлање на ќуповите во езерските води. Ј.П. „Охридски Комуналец“ упатува апел до граѓаните, посебно до младата популација, бидејќи парковите се „душата“ на градовите, истите треба да се сакаат и…
повеќе...Расчистена запуштената локација на „Партизанска“
По реакции на жители кои живеат во близина на оваа локација, а по претходно добиен налог од Комуналната инспекција, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ пристапија кон расчистување на просторот кој се наоѓа на ул. „Партизанска“, на потегот меѓу црквата „Св.Никола“ и ФТУ-Охрид. Просторот кој е во приватна сопственост беше целосно запоставен, целиот обраснат со трње, високи треви и коров. За расчистување на просторот се работеше 3 дена, беа ангажирани 10 работници и специјална механизација. Извршено е отстранување на трњето, отстранети се сувите гранки, уредени се крошните од дрвјата и потоа…
повеќе...Реализирана акцијата за чистење на локалитетите од „Охридско Лето“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе ја информираше јавноста дека во соработка со Н.У. „Охридско Лето“ од понеделникот започна акција за расчистување на локалитетите каде ќе се изведува уметничката програма на овој реномиран фестивал. Во рамките на акцијата се изврши етапно чистење на дворот од катедралнта црква Св.Софија, поширокиот реон од античкиот театар, летната сцена на Долни Сарај и дворот на О.У. „Св.Климент Охридски“.
повеќе...Се расчистуваат локалитетите каде ќе се изведува „Охридско лето“
Со цел што подостојно да се претстави Охрид пред светската јавност пред почетокот на најзначајниот културен настан „Охридско лето“, Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведува широко-опфатна акција за чистење на локалитетите во стариот дел од градот каде ќе се изведува уметничката програма. Етапно се чистат локалитетите: Долни Сарај, Антички театар, Света Софија, дворот на О.У. „Климент Охридски“, пристапните патеки и сокаци. Се расчистува отпадот, хортикултурно се средуваат зелените површини и се метат јавните површини.
повеќе...Акција за кабаст отпад во населбата „Црногорци“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 22-ри јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбата „Црногорци“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.
повеќе...