Министерот Димовски на конференција на асоцијациите на преработувачите на овошје и зеленчук од регионот

Претставници на преработувачките капацитети и на Здруженијата на преработувачи на овошје и зеленчук од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина учествуваат во работата на Регионалната конференција на преработувачите на овошје и зеленчук што се одржува во Охрид. Идејата на дводневниот собир е преработувачите на овошје и зеленчук да се сретнат и да ги согледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка, но и можностите за користење на европските фондови за научно-истражувачки проекти, проекти со регионален предзнак, во рамки на новата финансиска програма на ЕУ. Министерот за земјоделство,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески учествува на конференцијата на градови со светско културно наследство

Градоначалникот Никола Бакрачески присуствува на 10-та Регионална конференција на Организацијата на градови со светско – историско наследство што од 29 април до 2 мај се одржува во градот Кутна Хора во Чешка. Претставниците од четриесеттина европски земји  кои доаѓаат од  градови со специфични  светски важни, културно- историски белези расправаат на теми од областа на  рекламирањето  и развој на претприемништвото  во заштитените делови од градовите. Учесниците на меѓународната средба  ги изнесуваат своите искуства и проблематики од оваа област и укажуваат на неопходноста од задолжително носење и спроведување на закони и регулативи…

повеќе...

Донесена одлуката за намалување на ДДВ кај бебешките производи, училишниот прибор

Владата донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и  жив добиток. Како што информира премиерот Никола Груевски на прес-конференција, Владата на денешната седница го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ со кој се намалува стапката кај овие производи од 18 на пет отсто. „Новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што…

повеќе...

„Свети Еразмо“ прва болница на Балканот што започна со изведување на лумбален кејџ

Специјалната болница на ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид продолжува воведувањето нови методи во оперативните зафати и лекувањето на пациентите, особено во неврохирургијата. Во оваа здравствена установа деновиве беа извршени првите две операции со поставување апкликација во лумбалниот дел односно поставувањето лумбален кејџ. Според директорот на болницата „Свети Еразмо“ доктор Митко Тилевски, ваквата најнова метода е од големо значење за болницата, а особено пациентите кои доколку би биле оперирани во странство би плаќале голема сума средства. „Тоа е најнова метода што во Македонија, на Балканот и во Југоисточна Европа…

повеќе...

Митровиќ: Центарот за комуникации секогаш водеше позитивна политика и тоа ќе остане како наш симбол

Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ, денес на прес-конференција на охридските медиуми од името на Центарот за комуникации при ОК на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари за досегашната соработка, пред се во овие 40 денови додека траеше изборната кампања за Претседател, меѓутоа и за парламентарните избори. „Од 2012 година кога се формира овој тим на Центарот за комуникации до денес е изградена една меѓусебна доверба, една комуникација меѓу новинар и она што значи Центар за комуникации и затоа искрено ви благодариме. Од 2012 година, ако се направи ретроспектива од…

повеќе...

Николоски: Сите оние што добија мандат на овие избори, да дојдат во Собранието најдоцна до 17 мај и заеднички да почнеме да работиме

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, односно кандидатите за пратеници Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, денес одржаа прес-конференција на која што најпрво им се заблагодарија на медиумите за точноста, транспарентноста во информирањето. „Денеска кога ги доживуваме историските мигови на една голема победа, двојна победа на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“, тоа се победа на претседателските избори со победа на проф. д-р Ѓорге Иванов кој во следниов период успешно ќе ја води нашата држава и голема победа за парламентарните избори, историска, со 61 пратеник, не…

повеќе...

Ѓорчев: Татковината е во сигурни раце, Груевски останува премиер

Драги наши граѓани во земјата и светот, она што можеме сега да го кажеме е следното – татковината е во сигурни раце. Никола Груевски останува премиер на Македонија. Ѓорге Иванов останува претседател на Македонија, изјави Влатко Ѓорчев од изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ. „Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните како и да е. Во овие неколку денови и недели граѓаните на Македонија го дадоа одговорот за двата понудени концепти, концептот на проекти, на стабилност, а од друга страна сосема друг концепт на нашите политички противници. Стигна одговорот на граѓаните. Од…

повеќе...

Милошоски: Јалови се обидите на СДСМ да исценира изборни нерегуларности

Вискоко ниво на граѓанска демократска смелост и мирен изборен ден без ниту еден ниту еден посериозен проблем кој би влијаел врз конечните изборни резултати, констатираа од ВМРО-ДПМНЕ на нивната прва прес конференција, по заршувањето на гласањето во 19 часот. Антонио Милошоски, посочи дека денешните претседателски и парламентарни избори во земјава се убедливо најдемократски до сега, што покажува дека Македонија е европска земја , каде што демократијата се спроведува на дело. Сепак, тој ја обвини опозициската СДСМ за нејзините обиди да исценираат пред јавноста  бројни нерегуларности при изборниот процес, со што…

повеќе...

Блажески: Граѓаните да размислат уште еднаш дали на оној анимозитет кој што го покажува ДПМНЕ кон Охрид, треба да дадеме амин

ОО на ЛДП Охрид, денес одржа прес конференција на која зборуваше претседателот на партијата Дејан Блажески. Како претседател на општинскиот огранок на Либерално демократската партија, како советник во Општина Охрид и како човек кој што сака промена на оваа власт, Блажески рече дека има обврска уште еднаш да ги повика граѓаните на Охрид, да одлучат разумно. „Впрочем секогаш зборувам со факти и ајде да погледнеме само неколку факти пред овој изборен молк. Што придонесе Антонио Милошоски како носител во 5-та избора единица и пратениците кои што се повторно кандидати? Распределбата…

повеќе...

Настоски: Ние сме храбри и подготвени да го исполниме она што ќе го ветиме

Јас сум  стар Охриѓанец и целиот мој живот не помислив да се одделам од  македонскиот Ерусалим и југозападниот дел од Македонија.  Моите сограѓани многу добро ме знаат и веќе во два наврати досега ја добивав нивната доверба и си помагаме и се почитуваме. Но еве сега, Граѓанската опција за Македонија ме донесе пред еден пресврт во мојот живот. За прв пат излегувам надвор од мојот град  во поширокиот регион пред сите граѓани од 5-ката, од Битола-градот на конзулите, од Струга-градот на поезијата, од Кичево, од Ресен, од Дебар и од…

повеќе...