Се уредува просторот околу црквата „Света Недела“ во Коњско

 Во црквата „Св. Недела“ во Коњско интензивно се работи на средување на надворешниот простор со поставување на бекатон.  Инаку, црквата „Св.Недела“ во Коњско ќе се освети следниот месец, на 22 јуни. WebOhrid

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и директорот на Агенцијата за патишта Георгиевски договорија уредување на влезовите во Коњско и Рача

На барање  на мештаните, денеска на лице место градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во селото Коњско и населбата Рача ги согледуваа можностите за уредување на влезовите од овие две населени места. Се разговараше и за осветлување и  уредување  на пешачката патека околу  главниот пат од тунелот до хотелот Метропол. „Денес побарав од директорот на  Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски тие да го преземат осветлувањето и уредувањето на влезот од Охрид. Вакво барање никогаш не реализирало минатото локално раководство. За ова барање…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески посветен и на селата, утре во работна посета во Рача, Коњско и Велгошти

Утре, во 10 и 30 часот, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата во Рача и Коњско, каде во 2014 година  ќе се реализираат проекти. Во 12.00 часот, градоначалникот  Бакрачески заедно со министерот  за образование и наука, Спиро Ристовски ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во с. Велгошти, каде во тек е негова санација.

повеќе...

15-годишниот Крсте Наумоски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места.  Со песни и ора се одбележа и во населбата Коњско, каде што меѓу 40-мината скокачи, најсреќен беше 15 годишниот Крсте Наумоски. „Прв пат скокам годинава и првпат го фаќам светиот крст. Имам 15 години и учам во гимназија „Св.Климент Охридски“ – Охрид. Многу сум среќен и посакувам многу здравје“, рече Наумоски. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. Претседателот на месната…

повеќе...