Работнички на чекор до финалето, Тетекс и Металург одиграа без голови

Во првите полуфинални пресметки од Купот на Македонија, Работнички ја совлада Брегалница со 2:0, додека пак Тетекс и Металург одиграа без голови. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, фудбалерите на Работнички остварија победа со головите на Петровиќ во првата и Сулејманов во 72 минута. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тетекс одигра без голови против Металург на првиот натпревар на стадионот во Ѓорче Петров. Реванш натпреварите ќе се играат на 16 април. WebOhrid

повеќе...

Се одржа 16-иот „ФИС Сноуборд Куп – Попова Шапка 2014“

Во организација на сноуборд клубот Полар, Скијачката федерација на Македонија, Елем Турс, викендов на Попова Шапка се одржа „ФИС Сноуборд Купот 2014“. Учесниците на првиот натпреварувачки ден се натпреваруваа во дисциплината Биг Ер. Во машка конкуренција првите три награди ги понесоа натпреварувачите од Бугарија и тоа првото место му припадна на Петар Ѓошарков, второто на Георги Георгиев и третото на Митрев Симеон. Во женска конкуренција најдобро пласирана беше Леа Југовац од Хрватска, веднаш по неа чешката натпреварувачка Станислава Славовова, а третото место го освои Паола Блашкович од Хрватска. Најдобро пласиран…

повеќе...

МЗТ Скопје победник на Купот на Македонија 2014

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Лирија со 76-73 во финалето од Купот на Македонија 2014, со што го освои својот седми трофеј во историјата на престижното натпреварување. Тодор Гечевски го доби признанието за МВП на финалниот натпревар. МЗТ многу подобро го почна натпреварот пред полните трибини во салата „Билјанини Извори“ во Охрид и предводен од поените на Гечевски и Дејвис, но и добрата тимска одбрана, по пет минути игра водеше со 12-4. Сепак, Лирија ја поправи реализацијата во продолжението, а четирите поени во низа на Јелесијевиќ ја намалија…

повеќе...

МЗТ Скопје ќе игра против Лирија во финалето од Купот на Македонија

МЗТ Скопје со победа против Кожуф дојде до ново финале во кошаркарскиот Куп на Македонија. Иако на моменти во третата четвртина МЗТ водеше и со 19 поени разлика, малку недостасуваше Кожув да стигне до пресврт. Сепак одолеа на нападите на Кожув во интересната завршница и со победа од 78-70, обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, каде ќе го брани трофејот кој го освојуваше во последните две години. Многу рано во натпреварот МЗТ успеа да се одлепи на двоцифрена разлика, кога по 2:30 минути игра, со тројката на Шеховиќ,…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои трофејот во Младинскиот Куп

Со водство во текот на целиот натпревар игран во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, младинскиот тим на МЗТ Скопје заслужено го освои својот прв трофеј во Младинскиот Куп, совладувајќи го НБА Чаир со 80-55. Љубомир Младеновски избран за МВП на финалниот натпревар. НБА Чаир беше тимот кој подобро го почна натпреварот, а преку тројките на Бесар Мемети и поените на Емир Ештрефи, стигна до водство од 14-7. Но следуваше период од цели шест минути во кој МЗТ играше брилијантна одбрана и без ниту еден кош примен до крајот на првата…

повеќе...