Заврши манифестацијата „Денови на медот“ 2017

Синоќа, на плоштадот Крушевска рапублика, беше завршниот ден од манифестацијата „Денови на медот“ 2017 година. На завршниот ден помеѓу посетителите беше и заменик градоначалникот Ангел Јанев. Посетителите имаа повеќе да се запознаат и да го вкусат медот како и да се информираат за останатите пчеларски производи. Годинешната манифестација „Денови на медот“ траше од 4ти до 7ми август.

повеќе...

„Денови на медот“ по втор пат во Охрид

Во организација на Пчеларското здружение „Охрид” од Охрид, а поддржано од градоначалникот, од 5 до 8 август на плоштадот „Крушевска Република” – кај Чинарот, ќе се одржи манифестацијата „Денови на Медот”. Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи. Отворањето е на 5ти август (петок) со почеток од 17 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите продолжува и на 6ти, 7ми и 8ми август.

повеќе...

Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари од сите делови на Македонија. На манифестацијата се поканети претседатели и претставници на повеќе сојузи и здруженија на пчелари од Албанија, Србија, Бугарија и од Косово. Извор:meta.mk

повеќе...

Денови на медот во Охрид

Во организација на пчеларското Здружение „Охрид“ од Охрид, а поддржано од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од 7-ми  до 9-ти август на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи манифестацијата „Фестивал на медот“. Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи. Отворањето на фестивалот е на 7-ми август со почеток во 18 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите ќе продолжи и на 8-ми и 9-ти август.

повеќе...

Одржан научен собир за пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна

Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количини за задоволување на основните потреби, а потфрла и квалитетот. Како што беше речено на научниот собир на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), пчеларството треба да се земе предвид многу сериозно со оглед на неговата економска, стопанска важност. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за подобрување на состојбата во пчеларството кај нас, неопходно е користење контролиран и селектиран репроматеријал, матици и роеви, организирано системско засадување медоносни растенија, едногодишни и повеќегодишни кои цветаат во…

повеќе...

Коњановски: До август годинава од извоз на мед остварени 600 илјади евра

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Битола ја отвори традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ со апел да се конзумира квалитетниот македонски мед. Според евиденцијата на Министерството, во Македонија има околу 4.400 пчеларници со повеќе од 183 илјади пчелни семејства кои заклучно со август годинава обезбедиле 600 илјади евра од извоз на мед. „Продолжува поддршката на Владата за производителите кои имаат над 35 пчелни семејства, а следната година за поддршка на македонските пчелари во буџетот се планирани околу два милиони евра. Исто така, од ИПАРД-програмата може…

повеќе...