Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денес оствари работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ, која се одржа во Охрид. На средбата претставниците од Синдикатот ги презентираа нивните предлози во однос на измени на Законот за административни службеници, кои се однесуваа на потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот. Министерот Манчевски изрази поддршка за барањата на Синдикатот и најави редовна комуникација и соработка со Синдикатите во однос на унапредување на правата на…
повеќе...Tag: министер
Честитка од министерот Нухиу до вработените во МВР и граѓаните
Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Д-р Агим Нухиу по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи од православна и католичка вероисповед како и до сите граѓани на Република Македонија кои го празнуваат овој голем ден. Во честитката од министерот Нухиу се вели: „Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На вработените во министерството…
повеќе...Во Охрид започна напредната НАТО школа за борбата против тероризмот во сајбер-просторот
„Како и другите региони во светот и Југоисточна Европа се соочува со предизвици поврзани со редикализацијата и тероризмот во сајбер-просторот, за што е потребен одговор од страна на НАТО и земјите партнери. За нас од исклучителна важност е да ги разбереме глобалните трендови во врска со користењето на сајбер-просторот од страна на ИСИС и другите терористички организации, како и политичките, технолошките, правните и стратегиските аспекти на ова делување. Не помалку важно е и регионалното поврзување, соработката, а со тоа и зацврстувањето на евроатлантските вредности во регионот на Југоисточна Европа“. Тоа…
повеќе...Тодоров: Над 5,5 милиони евра за опрема и инфраструктура во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид
Продолжува големиот инвестициски циклус во нова медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, кој е во вредност од 33 милиони евра. Министерството за здравство денеска ја објави процедурата за јавна набавка на медицинска и немедицинска опрема за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра), со кои ќе набавиме 515 парчиња медицинска опрема, како и дополнителни парчиња мебел и немедицинска опрема. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека тоа…
повеќе...Македонија ќе произведува муниција и лично наоружување за НАТО
Во Македонија почнува изградбата на најсовремена фабрика за оружје, муниција и опрема. Американската Броудстоун Дифенс денеска и официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари во месноста Барбарос, кај Македонски Брод, каде на 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на мај идната година кога ќе стартува и тест-производството, а редовното производство се очекува од јули 2017. Вработени ќе бидат повеќе од 200 лица. Како што рече министерот за одбрана…
повеќе...Засадени садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото“
Министерот без ресор Џери Наумов во придружба на претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев, денес во паркот на Кејот засадија дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засадија ја својата иднина“. Дрвца засaдија и кандидадите за пратеници во ИЕ5, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Министерот без ресор Џери Наумов, потенцираше дека од огромно значење е засадувањето на нови садници, бидејќи зеленилото е важно за прочистување на воздухот и додаде дека ваквите акции треба да бидат се почести. Ваквите акции се само…
повеќе...Министерот Спасовски на Работилница за управување со стресот при работа
Министерот Оливер Спасовски денеска учествуваше на Работилницата за управување со стресот при работа во Центарот за обука во Идризово, организирана од Италијанската амбасада во Скопје, а финансиски помогната од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. На Работилницата присуствуваа и амбасадорот на Италија Н.Е. Карло Ромео и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Н.Е. Нина Суомалаинен. Во своето обраќање пред учесниците, министерот Спасовски рече дека полициската професија, следствено на надлежностите, одговорноста и спецификите на работата, претставува една од веројатно најстресните професии, особено при сложени внатрешни или надворешни состојби, со какви што впрочем во…
повеќе...Продолжуваат заедничките активности и соработката со Командата на копнените сили на САД за Европа
Република Македонија и САД продолжуваат да го развиваат стратегиското партнерство, кое е особено изразено во областа на одбраната, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и команданотот на Командата на копнените сили на САД за Европа, генерал-потполковник Бен Хоџис. На средбата министерот Јолевски посочи дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлични односи со вооружените сили на САД, особено со Командата на копнените сили на САД за Европа, која се манифестира преку заеднички вежбовни активности и обуки. „Учеството на околу 150 припадници на…
повеќе...Кирацовски се сретна со министерот за образование и наука Лутфиу
Денес дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски оствари работна средба со министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор, можностите преку кои треба да се заштитат нивните уставно загарантирани права, предвидените законски санкции за секој оној кој постапил спротивно на законските одредби, како и доследно примена на истите беа предмет на дискусија на средбата со министерот за образование и наука. Дополнителниот заменик министер Кирацовски, изрази сериозна загриженост за многубројните индиции за политички притисоци врз наставниците, професорите…
повеќе...Македонија и Босна и Херцеговина заедно кон иста цел – мирен, безбеден и просперитетен регион
Република Македонија и Босна и Херцеговна се две пријателски земји кои имаат една цел, а тоа е мир, безбедност, просперитет за целиот регион, заклучија на денешната средба во Сараево, министрите за одбрана на Македонија и на БиХ, Зоран Јолевски и Марина Пендеш. На средбата, министерот Јолевски кој е во официјална посета на БиХ, истакна дека двете земји имаат заедничка иднина, а тоа е членство во НАТО – Алијансата и Европската Унија. „За нас како држава нема сомнеж дека само интегриран Балкан може да придонесе кон безбедноста на целиот континент, факт…
повеќе...