Со микрокредитирање до намалување на сиромаштијата и развој на претприемништвото

Микропретпријатијата во Македонија иако сочинуваат 90 проценти од претпријатијата и вработуваат 23 проценти во вкупната додадена вредност на БДП, имаат ограничен пристап до основните банкарски услуги. Затоа голема улога во поддршка на нивниот развој имаат микрофинансиските институции кои во земјава се развиваат веќе 20 години, а во моментов работат 12. Во насока на развој на микрокредитарањето е и денешната регионална конференција „Финансиска инклузија преку микрофинансирањето“, организирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со поддршка на УСАИД. „И покрај тоа што микропретпријатијата како целина се многу важен сегмент во економијата, нивниот пристап…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со евроамбасадорот Жбогар

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беше разговарано за состојбите во Министерството за внатрешни работи, претстојните избори и проблемот со мигрантите. Министерот Спасовски изрази благодарност за соработката со Европската унија и ја потенцира определбата МВР да стане сервис на граѓаните односно да се департизира, декриминализира и професионализира. Шефот на делегацијата на ЕУ Жбогар рече дека се согласува оти овие три процеси се многу важни и дека Европската унија е заинтересирана да помогне во…

повеќе...

31. Светско воено првенство во борење – Македонија го доби и првиот медал на ова големо натпреварување

Војниците се први на браникот на својата земја, тие се први во меѓународните мировни мисии, но тие се први и во градењето на како што велат, ’пријателства по оружје’ и ’пријателства по спортот’. Вашите трајни и силни пријателства се од голема важност за извршување на воени задачи за помирен и подобар свет“, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на отворањето на 31. Светско воено првенство во борење кое се одржува од вчера до 24 септември во ВИП арената „Спортски центар Борис Трајковски“. Република Македонија има долга традиција во борењето и затоа…

повеќе...

Проект за јакнење на системот за доживотното учење и образование на возрасни

Градење сеопфатен и интегриран систем за доживотно учење преку воспоставување динамична корелација помеѓу образованието и промените како во општествената сфера, така и на пазарот на труд има за цел проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните“. Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу на претставувањето на проектот рече дека улогата на центарот за образование на возрасните е да се промовира еден функционален, модерен систем за образование на возрасни компатибилен со Европската унија во контекст на доживотно учење што обезбедува…

повеќе...

Доделени 10 грантови за приватни домови за стари лица

Десет приватни домови за стари лица денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали. На ваков начин, ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување. „Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со цел да ги мотивираме инвеститорите да вложат во…

повеќе...

Министерот Спасовски на Конференција за промоција на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на Конференцијата за промоција на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“, што се реализира во рамки на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција. Овој проект претставува продолжение на претходно релизираните активности во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на надворешен независен механизам за надзор на работата на полицијата”, имплементиран од страна на Советот на Европа со финансиска поддршка од Кралството Холандија, кој во април оваа година заврши со донесување на заклучоци за избор на двостепен модел „Обвинителство…

повеќе...

Институтот за педагогија при УКИМ прослави 70 години од основањето

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, се обрати на меѓународна научна конференција насловена „Педагогијата во современото глобално општество“, организирана од Институтот за педагогија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, по повод одбележувањето на 70 годишнината од неговото основање. Честитајќи го јубилејот, Ристовски нагласи дека кадарот кој излегува од Институтот за педагогија има големо влијание врв едукацијата на децата уште од најраната возраст. „Кадарот што вие го создавате е дел од секоја воспитно-образовна установа и претставува клучна алка во процесот на едукација и правилно насочување на генерациите…

повеќе...

Јолевски-Креј: Продолжуваат интензивните контакти на АРМ и НГ на Вермонт, САД

Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт со многубројните активности во изминатиот период докажаа дека се вистински партнери. Одличната соработка и интензивните контакти продолжуваат и во иднина. Како што соопшти денеска МО, ова го заклучиле на денешната средба министерот за одбрана Зоран Јолевски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј, кој ја предводи воената делегација на НГ на Вермонт, која престојува во официјална посета на Република Македонија. Министерот Јолевски на средбата посочил дека Македонија високо ја вреднува соработката со државата Вермонт, САД. Во…

повеќе...

Промовирање на ИПА проектот за пост – средно образование

Денес, на 19.09.2016, во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа отворањето на настанот на ИПА проектот за пос- средно образование. Денешниот настан е по повод отпочнувањето на проектот „Поддршка на модернизацијата на системот за пост – средно образование”. Проектот се реализира во рамки на Четвртата ИПА компонента – Развој на човечки ресурси. Присутен на настанот беше министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, претставникот на Делегацијата на Европската унија, Никола Бeртолини, Амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски, проектните лидери, Агнешка Штон Доминик од Институтот за oбразовни истражувања од…

повеќе...

Дваесет и една општина ќе добијат матичен гинеколог

Државата со 30 нови гинеколози кои ќе специјализираат кофинансирани од Владата ќе го решава проблемот со недостиг на гинеколози во земјава. Некои општини како Бутел, Шуто Оризари, Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце, Липково, Теарце и Демир Капија првпат или по подолго време ќе добијат матичен гинеколог. Ова го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција на која информира дека на објавениот трет оглас за кофинансирани специјализации завршена е постапката за селекција и избор на кандидати по гинекологија и акушерство за матични гинеколози за вкупно 21 општина и четворица…

повеќе...