Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон Од Седумдесеттемина. Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим Светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос. Свети Аристарх му беше сопатник на Св. апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска. Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите законик (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински. Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото…
повеќе...Tag: мпц
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист . Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ,…
повеќе...Собор на Киево – Печерските светители
Собор на Киево-Печерските светители Благословеното дело на подвижништвото, кое започнува со трудољубивиот голем Божји подвижник Антониј, преизрасна низ вековите во многуплодна маслинка. Многубројните светители, коишто во овие пештери на Антониј заблескаа како ѕвезди, се празнуваат лично секој во посебен ден. Под денешниот датум пак, се споменуваат сите соборно и се повикуваат на помош на верните.
повеќе...Верниците во Лагадин го одбележаа празникот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Традиционално верниците денес го одбележаа празникот посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија во истомената црквичка во Лагадин. На големиот црковно народен собир покрај бројните верници, присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Заедно со бројни охриѓани, градоначалникот Бакрачески ги проследи сите верски обичаи кои се однесуваат на овој празник и молејќи се за добро здравје посака денешниот ден да ги исполни со сила, верба и благослов сите верници. Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш…
повеќе...Отслужена света архиерејска литургија во „Св.Софија“
Денес православните христијани го слават споменот на светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија. Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерите Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, кон многубројниот верен народ, со пригодно слово се обрати свештеникот Ѓорѓи Блажески.
повеќе...Денес е празник на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…
повеќе...Светата маченичка Људмила
Светата маченичка Људмила Таа му е баба на Св. Вацлав, кралот чешки. Беше мажена за чешкиот кнез Боривој. Многу ревнуваше за Христовата вера и мнозина ги обрати од незнабоштво во христијанство. Снаа ѝ ја мразеше, па испрати луѓе што ја удавија старицата Људмила. Вацлав го погреба телото на Св. Људмила во црквата на Св. Георгиј во Прага. Од нејзините мошти се случија многу чуда. Пострада во Течино во 927 година. Св. Вацлав, големиот ревнител за православната вера, беше убиен од својот брат Болеслав.
повеќе...Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден)
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…
повеќе...Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари
Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“
повеќе...Спомен на Третиот Вселенски Собор
Денес се празнува споменот на Третиот Вселенски Собор. Овој Собор се состана во 431 година во Ефес, во времето на царот Теодосиј Помладиот. На Соборот присуствуваа двесте отци. Овој Собор го осуди Несториј, Цариградскиот патријарх, заради еретичкото учење за Пресвета Дева Марија и за раѓањето на Господ. Имено, Несториј не сакаше да Ја нарекува Пресветата Дева Богородица, туку Христородица. Со осудата на Несториј Светите отци утврдија Пресветата Дева да се именува Богородица. Освен тоа, ги потврдија одлуките на Првиот и Вториот Вселенски Собор, особено Никејо-Цариградскиот Символ на Верата и заповедаа…
повеќе...