Свети Три Светители

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа…

повеќе...

Осветен камен темелникот на споменикот за Водици

Денес на  православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин е поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште, во центарот на Охрид. Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот, со благослов на свештенството на МПЦ од Дебарско-Кичевската Епархија, заедно го извршија Кумот на Водици Охрид-2012 проф. д-р Ванчо Чифлиганец, донатор на споменикот и претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска. Спомен обележјето посветено на големиот христијански празник Богојавление се подигнува на иницијатива на Кумот на Водици Охрид-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален…

повеќе...

Богојавление Водици – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја, 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици).

повеќе...

Свети литургии по повод Обрезание Господово и Св.Василиј Велики

По повод  Обрезание Господово и Св.Василиј Велики – Православна Нова година – Василица, утре  света архирејска литургија ќе се служи во Плаошкиот Манастир Свети Климент и Пантелејмон со почеток во 8 часот и 45 минути. Света Василиева литургија ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот и 30 минути.

повеќе...

Распоред на богослужби по повод Рождеството Христово – Божиќ

Денес, вторник, Рождество Христово – Божиќ, света архиерејска златоустова литургија ќе се служи во црквата „Свети Ѓорѓија“ Охрид, со почеток во 8:45 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ денес нема да има богослужба. Утре, среда, 8 јануари, втор ден Божиќ, ќе има собор на Пресвета Богородица. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Света златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица -Челница“, со почеток…

повеќе...

Сеноќно бдение во црквата „Света Богородица“ – Каменско

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека утре, 31 декември (вторник), вечерта ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети маченик Бонифациј и свети Григориј епископ Омииритски“, со почеток во 23:00 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Свети Климент Охридски Чудотворец

За свети Климент Охридски, патронот на нашата Црква, првиот словенски епископ со Дух напоен од Бога, нашиот Старец, молитвеник, духовник, беседник, просветлител, учител… речиси и да немаме конкретни биографски податоци. Не се знае кога е роден, каде се школувал, кои се неговите родители и сл. Изворите молчат, но житијата никогаш немале за цел да ги изнесуваат личните моменти од животот на светителите, туку нивните богоугодни дела, нивните подвизи и жртви. Со иста таква цел и во спомен на овој голем наш светител и Божји угодник се напишани и овие редови.…

повеќе...

Света литургија по повод празникот „Св.Климент Охридски“ Чудотворец

По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 7 декември (сабота), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16:00 часот. На 8 декември (недела), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, со почеток во 8:30 часот. Богослужба ќе има тој ден само во во манастирот „Свети Климент…

повеќе...

Сеноќно бдение во црквата „Света Богородица“ – Каменско

Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека на 21 ноември 2013 година (четврток), вечерта, ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Нектариј Егински Чудотворец“, со почеток во 23:00 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Литургија по повод празникот Св.Прохор Пчински и пренесување на моштите на Св.Јован Рилски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 1 ноември (петок), во манастирот Св. Климент и Пантелејмон Плаошник – Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот Св. Прохор Пчински и пренесување на моштите на Св. Јован Рилски, со почеток во 8:45 часот. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...