Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите…

повеќе...

Светиот маченик Нестор

Денес е празник посветен на Светиот маченик Нестор. Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена…

повеќе...

Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“

Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“ Вака се нарекува една чудотворна икона на Пресвета Богородица. Се празнува по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да ? се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на мојот Син; таму е иконата „Радост на сите тажни“. Свештеникот нека се помоли пред таа икона…

повеќе...

Св. апостол Јаков, брат Господов

Денес е празник посветен на Св. апостол Јаков, брат Господов. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во…

повеќе...

Свети Иларион Мегленски

Свети Иларион Мегленски Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и по нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на Св. Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј во…

повеќе...

Преподобен Филотеј

Преподобен Филотеј Роден е во Хрисопол во Македонија. Турците го грабнаа од мајка му којашто беше вдовица и заедно со уште еден негов брат ги фрлија во затвор. Од затворот чудесно ги спаси Пресвета Богородица и ги пренесе во еден манастир во Неаполис Малоазиски. Подоцна неговата мајка ги најде своите синови како монаси, па и самата се замонаши. Филотеј премина на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во манастирот Дионисијат, а потоа во пустина. Беше чудесен подвижник и победник над демонската сила. Се упокои мирно во осумдесет и четвртата…

повеќе...

Преподобен Прохор Пчински и Преподобен Јован Рилски

Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и…

повеќе...

Литургија за празникот „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“

Денес во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“, со почеток во 9:00 часот, на која е чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Литургија по повод празникот „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква. По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила Архиепископот Охридски, а теологот Виктор Недески во своето излагање ќе зборува за ликот и делото на свети Константин…

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Лука

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот…

повеќе...