Македонија ги чува границите на Шенген зоната, но не ѝ се дозволува членство во НАТО и ЕУ – министерот Јолевски за Balkan Defense

Во неодамнешното интервју за влијателниот регионален портал Balkan Defense министерот за одбрана, Зоран Јолевски зборуваше за влијанието на Македонија во регионалната безбедност и дваесет годишниот процес на Македонија за членство во НАТО. Говорејќи за членството на Македонија во Алијансата министерот Јолевски посочи дека полноправното членство на Македонија во НАТО и ЕУ е клучен приоритет на Владата на Република Македонија и дека истото ќе придонесе кон поголема стабилност и безбедност во регионот и пошироко. Тој истакна дека Македонија е спремна да стане дел од НАТО и дека државата ги исполнува сите…

повеќе...

Јолевски заедно со поранешните секретари на САД и Британија Олбрајт и Милибанд за мигрантската криза

Вчера во Вашингтон во организација на реномираниот германски институт Бертелсман и Фајненшал тајмс се одржа Конференција посветена на мигрантската криза. Министерот Јолевски заедно со поранешните секретари на САД и Британија Олбрајт и Милибанд говореа за мигрантската криза со која се соочува Европа. На самиот почеток министерот Јолевски истакна дека Македонија како земја кандидат за членство е посветена на заедничкиот, координиран и сеопфатен пристап кон менаџирање на бегалската криза. „Мерките што ги имплементира Македонија се во согласност со заклучоците на Европскиот совет и го штити интегритетот на Шенген областа. Македонските безбедносни…

повеќе...

Максути: Мирот и безбедноста се основните предуслови за економски развој на секоја држава

Денес во Домот на АРМ се одржа меѓународна научна конференција “SECURE 2016” во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Министерството за одбрана и потпомогната од Секторот за јавна дипломатија на НАТО. На денешната конференција, на покана на претседателот на АТА Македонија, Исмет Рамадани, учествуваше заменик министерот за одбрана, Беким Максути кој со свое обраќање ја истакна важноста за интеграција на Македонија во северно атлантското семејство и ЕУ, како клучен столб на безбедноста и стабилноста на регионот и пред се на Европа и пошироко. „Мирот и безбедноста се основните предуслови за…

повеќе...

Министерот Јолевски еден од главните панелисти на годишната конференција „Миграциски текови, факти, фикција и политика“ во САД

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на покана на Фондацијата Бертелсман денес ќе учествува на 8та годишна Конференција на Фондацијата, “Migration Flows, Facts, Fictions and the politics in Between”, која се одржува во Вашингтон, САД. Министерот Јолевски е еден од главните панелисти на темата „Надминување на границите: Барање стабилност во ера на глобално движење“, заедно со Медлин Олбрајт, претседател на Albright Stonebridge Group и поранешен државен секретар на САД, Дejвид Милибанд, претседател на Меѓународниот комитет за спас и поранешен државен секретар за надворешни работи на Британија и Рита…

повеќе...

Состанок на Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност и Република Македонија

Денес во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации меѓу земјите членки на НАТО и Република Македонија, на кои се разгледуваат достигнувањата во спроведувањето на реформите во одбраната и достигнатиот степен на интроперативност на Армијата на Република Македонија со земјите членки на НАТО. На состанокот беа усвоени и новите Партнерски Цели 2016 за Република Македонија. Делегацијата од Министерството за одбрана ја предводеше државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова. Државниот секретар Чуповска Ристова во своето обраќање пред Комитетот на НАТО ја истакна важноста на ПАРП процесот за Македонија…

повеќе...

Јолевски – Доскоцил: Соработката меѓу Македонија и Австрија на одлично ниво

Билатералната соработка во одбраната, начините за нејзино унапредување, предизвиците од мигрантската криза, особено за земјите на т.н. Балканска рута, како и потребата за одржување на високо ниво на координација и размена на информации беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот Зоран Јолевски и неговиот австриски колега, Ханс Петер Доскоцил, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Министерот Јолевски посочи дека во рамките на разговорите, уште еднаш беше потврдена стратегиската цел за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО. Воедно, стана збор и за предизвиците…

повеќе...

Министерот Јолевски за Денот на НАТО: Зачленувањето во Алијансата останува стратешка цел за Македонија

Зачленувањето во НАТО е главен стратешки интерес на Република Македонија. За тоа постои најширок консензус во општеството, т.е. има огромна поддршка од граѓаните и консензус на политичките партии. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија на конференцијата по повод 4 Април, Денот на НАТО, која се одржа денеска во Домот на АРМ. Министерот Јолевски посочи дека во изминативе две и половина децении, Република Македонија ги споделува и ги промовира истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата. Членството во НАТО, додаде Јолевски, ќе придонесе за натамошно јакнење…

повеќе...

Јолевски: Македонија придонесува за евроатлантската стабилност

Природата на безбедносните предизвици бара подобрена и сестрана соработка меѓу земјите и сите засегнати страни. Македонија се докажа како сериозен партнер во справувањето со безбедносните предизвици. Ние ги споделуваме проценките за безбедноста и континуирано даваме значаен придонес кон евроатлантската стабилност. Активно придонесуваме и во рамките на колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици. Ова денеска во Виена го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој учествува на состанокот на земјите од Централноевропската одбранбена соработка (ЦЕДЦ) заедно со Македонија, Црна Гора и Србија, посветен на менаџирање на мигрантската…

повеќе...

Јолевски на министерски состанок во Виена: Македонија дава значаен придонес кон евроатлантската безбедност и стабилност

„Природата на безбедносните предизвици бара подобрена и сестрана соработка помеѓу земјите и сите засегнати страни. Македонија се докажа како сериозен партнер во справувањето со безбедносните предизвици. Ние ги споделуваме проценките за безбедноста и континуирано даваме значаен придонес кон евроатлантската стабилност.Воедно, активно придонесуваме во рамките на колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици“. Тоа денес во Виена, го истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој учествува на состанокот на земјите од Централноевропската одбранбена соработка (CEDC) заедно со Македонија, Црна Гора и Србија, посветен на менаџирање на мигрантската криза,…

повеќе...

Промовирана публикацијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“

„Армијата на Република Македонија се докажа како најцврстиот чувар и гарант на независноста и самостојноста на нашата држава. Дванаесет години Армијата беше своевиден амбасадор на мирот на меѓународната мировна мисија на НАТО во Авганистан, под назив ИСАФ“, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната промоција на публикацијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“ во Музејот на македонската борба. Министерот Јолевски додаде дека успешното завршување на мисијата ИСАФ беше повод Министерството за одбрана да ја подготви публикацијата со која се оддава признание на сите припадници на Армијата кои ја…

повеќе...