Министерот Јолевски на средба во Пентагон

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари средба во Пентагон со заменик помошникот на секретарот за одбрана, Мајкл Карпентер. Министерот Јолевски истакна дека врвен приоритет на Владата на Република Македонија се евроатлантските интеграции и затоа побара да продолжи политиката на отворени врати на НАТО. Македонија во областа на одбраната ги исполни сите критериуми и докажа дека е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО. На средбата беа презентирани аргументите зошто Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО. На средбата се разговараше за одбранбените реформи, модернизацијата на АРМ…

повеќе...

10 години Воен музеј: Над 8.000 предмети и книги, дел од македонската воено-историска ризница

Денес во „Порта Македонија“ со свечена академија беше одбележана 10-годишнината од постоењето на единствената национална институција која ексклузивно се занимава со воената историја на Македонија, Воениот музеј. Министерот за одбрана на Република Македонија, пред големиот број гости, посочи дека станува збор за специјализиран национален музеј со експонати, примероци од старо оружје кои датираат од антиката до денес. „Министерството за одбрана со формирањето на Воениот музеј пред 10 години создаде основни услови за освежување и збогатување на индивидуалното и колективното паметење на нашето воено минато, за сегашноста и иднината“, додаде министерот…

повеќе...

Јолевски: Неопходна е взаемна соработка во борба против глобалниот тероризам

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера и денеска учествуваше на Балканскиот молитвен појадок кој се одржува во Белград, Република Србија. Во текот на вчерашниот ден тој имаше свое обраќање во рамки на главната сесијата во однос на потребата од градење на добри меѓусоседски односи и зближување со соседите. Исто така во текот на денот имаше средби со претставници од американскиот Конгрес кои исто така присуствуваа на овој настан, а се сретна и со потпретседателот на Собранието на Република Србија, Владимир Маринковиќ и повеќе други учесници од регионот.…

повеќе...

Заменик-министерот Максути на конференција посветена на Безбедносните предизвици на Балканот

Заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, денес и утре учествува на меѓународна конференција во Букурешт, Романија, посветена на Безбедносните предизвици на Балканот, а организирана од Новиот Стратегиски Центар, романска тинк-тенк организација и од Универзитетот од Букурешт. „Денес земјите од Југоисточна Европа и пошироко во Евроаталнтската област се соочуваат со бројни безбедносни предизвици и закани како тероризмот, организираниот криминал, верскиот радикализам и екстремизам, сајбер нападите и многу други“, истакна заменик министерот во своето обраќање пред присутните делегати и експерти. Не постои земја, додаде заменик-министерот, која е имуна на предизвиците и заканите, особено…

повеќе...

Средба на заменик министерот Максути со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река

Денес, во Министерството за одбрана на Република Македонија, заменик министерот д-р Беким Максути го пречека амбасадорот на Република Албанија акредитиран во земјата, Н.Е. Фатос Река. Во текот на состанокот двајцата соговорници ја нагласија блиската соработка меѓу двете земји, односно двете министерства на одбрана, како и продлабочувањето на истата. Изразувајќи голема благодарност, заменик министерот Максути ја истакна поддршката која Република Албанија и ја дава на нашата земја во нејзиниот пат кон зачленувањето во НАТО. Во оваа пригода, амбасадорот Река рече дека Република Албанија како членка на НАТО ја подржува политиката на…

повеќе...

Поддршка од претседателите на Словенија, Хрватска и Црна Гора за што побрза интеграција на Македонија во НАТО

На вториот ден од Форумот „To Be Secure” на Претседателскиот панел „Presidential Discussions: Sharing Security = Sharing Responsibility” претседателите на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ и Република Словенија, Борут Пахор истакнаа дека Република Мaкедонија треба што поскоро да се интегрира во евроатлантските структури. Претседателот Пахор побара политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа беше истакнато дека земјите од регионот припаѓаат на Европа, и затоа не треба процесот на нивна интеграција да го именуваме како проширување, туку како консолидирање на Европа. Затоа и двата…

повеќе...

Македонија е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО: министерот Јолевски на меѓународен форум во Црна Гора

„Република Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми да биде дел од НАТО и од Европската Унија. Ние вложивме големи напори да обезбедиме хумани услови за мигрантите и нивен транзит низ нашата земја“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во денешното обраќање на меѓународниот форум „To Be Secure“ кој денес и утре се одржува во Будва, Црна Гора. Во однос на решавањето на овие предизвици, министерот Јолевски го поздрави договорот помеѓу Европската Унија и Турција и повика на создавање на сеопфатна стратегија која ќе ги опфати не…

повеќе...

Јолевски – Бенко: Продолжува унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Унгарија

Унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Унгарија, интензивирањето на заедничката обука и вежби со припадниците на двете Армии, членството на Македонија во НАТО и предизвиците и потребите за интензивни контакти во однос на мигрантската криза беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генералот Тимор Бенко. „Република Македонија во Унгарија гледа искрен пријател и поддржувач, особено кога станува збор за исполнување на стратегиските цели на државата, членството во НАТО и Европската Унија“, истакна министерот Јолевски на…

повеќе...

Јолевски со честитка за Велигден: Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од православна исповед. „Како министер ми преставува голема чест да Ви го честитам овој голем празник Воскресение Христово – Велигден.На овој голем празник секој од нас ги истакнува највозвишените човекови вредности. Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер и се водилка во нашите животи. Дозволете ми да ја истакнам мојата почит…

повеќе...

Јолевски: Заедничката соработка клучна за решавање на мигрантската криза

Mинистерот за одбрана, Зоран Јолевски денес оствари средба со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Словачка, генерал Милан Максим, кој е во официјална посета на Република Македонија. На денешната средба стана збор за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, претстојниот самит на НАТО во Варшава, учество на Армијата на Република Македонија во операции во поддршка на мирот, идни можни ангажмани. Воедно се разговараше и за безбедносната ситуација во Регионот со посебен осврт на мигрантската криза. Министерот Јолевски истакна дека односите и соработката со Словачката Република се од стратешко…

повеќе...