Полска вечер на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток 21:00 часот ќе се одржи Полска вечер, на која ќе настапат Македонскиот камерен оркестар – Македонски Виртуози заедно со солистите Маријан Собула на пијано и „Глас Дуо“, под диригентската палка на Јацек Рогала од Полска. На програмата ќе бидат дела на Е. Григ, К. Шимановски, Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, А. Дворжак, А. Пјацола, Ф. Шопен, Стинг, А. Сафраниек. Јацек Рогала е полски диригент кој е заслужен за голем број премиерни изведби и радиоснимки на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на претстава на филиграни на „Охридско лето“

Градоначалникот Никола Бакрачески и израелскиот амбасадор Дан Ориан, синоќа присуствуваа на претставата „Мојот клас“ – мултимедијален перфоманс на израелскиот ансамбл Кармелим. Низ музиката и танцот на младата актерска екипа, беше претставен начинот на живот на младите израелци и нивниот стремеж за соживот, толеранција и мир. Кармелим е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта…

повеќе...

Филмот „Мојот Клас “ од Пјер Лави вечерва на програмата на „Охридско лето“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажан краткиот филм „Мојот Клас“ од Пјер Лави и „Кармелим3 – Вкусот на Израел Хаифа од Израел. „Во јули 2015 им се придружив на Хабима и Камери театрите и нивото патување низ Балканот. Посетивме четири држави- Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Целта на патувањето беше да се постави претставата „Нашиот Клас“ која ја опфаќа темата за Холокаустот, драма првично напишана на полски, а потоа преведена на еврејски.…

повеќе...

Канческа-Милевска се сретна со Елина Гаранча и Ион Марин

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оствари средба со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката на Античкиот театар, прочуената мецосопранка Елина Гаранча од Латвија и романскиот диригент Ион Марин. Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и „Охридско лето“. На Елина Гаранча и подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин, приказ на сребрена пафта која…

повеќе...

Со настап на оперската дива Елина Гаранча свечено отворено 56. издание на „Охридско лето“

Со концерт на светски познатата оперска певица Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската управа на маестро Ион Марин од Романија, вечерва на сцената на Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено 56. издание на најголемата музичко-сценска манифестација – Фестивалот „Охридско лето“. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. „Фестивалот „Охридско лето” се одржува во период кога стариот свет умира, а новиот сè уште не е роден. Период на длабоки кризи, крвави конфликти и милиони бегалци. Година, кога наместо…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими уметниците што ќе го отворат „Охридско лето“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими оперската ѕвезда од Латвија Елина Гаранча, светски познат мецосопран и австрискиот диригент, маестро Ион Марин, со чијшто настап утревечер, свечено ќе биде отворено годинешното 56. издание на фестивалот „Охридско лето”. На средбата на којашто присуствуваа и организаторите на фестивалот, претседателот Иванов им‎ посака добредојде на уметниците во Македонија и изрази очекување дека нивната сценска изведба ќе остави особен белег на годинешниот фестивал „Охридско лето”. Oрганизаторите на фестивалот го информираа претседателот Иванов за програмата и настаните…

повеќе...

Оперската дива Елина Гаранча најави спектакуларен концерт за отворањето на „Охридско лето“

Уникатно и неповторливо доживување за фестивалската публика на отворањето на „Охридско лето“, со утрешниот голем концерт на Античкиот театар на светски познатата оперска певица Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската управа на маестро Ион Марин од Романија. „Навистина се чуствувам среќна и почестена што сум тука на овој фестивал кој зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. За фестивалот слушнав од моите колеги и пријатели кои настапувале тука како Барбара Фритоли, Михаил Хворостовски така што верувам дека мојот утрешен настап ќе биде…

повеќе...

Светската оперска дива Елина Гаранча пристигна во Македонија

Оперската дива Елина Гаранча која вторник вечер, ќе го отвори 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, попладнево пристигна на скопскиот аеродромот „Александар Велики“. Срдечна и непосредна, со широка насмевка и неодолив шарм, кратко изјави дека со нетрпение чека да пристигне на охридската ривиера, место за кое слушнала дека е волшебно со прекрасно езеро. „Само што пристигнав во Македонија и ова е мое прво доаѓање на Фестивалот Охридско лето. Едвај чекам да го видам тој прекрасен град и Фестивал. Пред извесно време настапив со Дмитри Хворостовски кој со воодушевување ми раскажуваше…

повеќе...

Оперската дива Елина Гаранча ќе го отвори 56то издание на „Охридско лето“

Светски познатата оперска дива Елина Гаранча од Латвија ќе го отвори годинешното 56 издание на најпрестижната музичко сценска манифестација , фестивалот „Охридско лето“. Во пресрет на годинешното фестивалско издание на прес конференција што денес се одржа во Охрид ,министерката за култура на Р. Македонија, Елизабета Канчевска – Милевска, градоначалникот Никола Бакрачески, директорот на фестивалот, Оливер Арсовски и музичкиот и драмски селектори, Гордана Јосифоска- Неделкоска и Ѓорги Јолевски ги открија деталите за овој значаен културен настан. За значењето на фестивалот „Охридско лето“ градоначалникот Никола Бакрачески, истакна „Охридско лето“ претставува континуитет и…

повеќе...

Врвни музички и сценски доживувања на 56. „Охридско лето“

Годинашното 56. издание на фестивалот „Охридско лето“ и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички и театарски доживувања, изјави денеска, на првата средба со новинарите, новиот директор на Националната установа, музичкиот уметник Оливер Арсовски. „Голема чест и привилегија за мене претставува моето назначување на функцијата директор на Фестивалот. Како музичар кој долги години настапувал на „Охридско лето“ повеќе од познато ми е дека „Охридско лето“ е најпрестижна манифестација од тој вид не само во Охрид и Македонија, туку и во регионот и пошироко“, рече Арсовски. Тој ја искористи можноста да…

повеќе...