И четвртата вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура

Поради нестабилното време и четвртата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот. 9 јули (вторник ) -Ансамбл „БИСЕРИ“ од Охрид Македонија -Ансамбл „ЗЛАТИЦА“ од Средно Гори,  Бугарија  -Ансамбл „МАРБОЛЕНИ“ од Вал де Бианја, Шпанија

повеќе...

И третата вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура

Поради нестабилното време и третата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид. 8 јули (понеделник) – Ансамбл „СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ“ од Крагујевац, Србија – Ансамбл „Отекс“ од Охрид, Македонија

повеќе...

Есма Реџепова-Теодосиевска ја доби титулата национален уметник

Комисијата за утврдување предлог за национален уметник, по разгледувањето на пристигнатите предлози одлучи дека реномираниот естраден уметник со богата повеќедецениска светска кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска ги исполнува критериумите утврдени со Законот за националниот уметник. Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска соопшти дека Комисијата за утврдување предлог за национален уметник, во состав: Стојан Стојков – композитор, Данчо Чевревски – професор на Факултетот за драмски уметности, Влатко Стефановски – музичар, академик Луан Старова и академик Васко Ташковски, по разгледувањето на пристигнатите предлози на конкурсот објавен во април годинава, одлучи дека реномираниот естраден уметник…

повеќе...

На 6 јули започнува 52-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2013

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната  установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, од  6 до 11 јули 2013 година ќе го одбележи 52-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот. Фестивалот е под покровителство на Собранието на…

повеќе...

ЛАБАВО ЛАВАБО го про​мовираат својот Прв ​сингл – „Во твојата ​улица“

Момците од Лабаво Лавабо, познати по својата креативност и динамичните настапи, го промовираат својот прв сингл! По големиот успех со преработката на “Niggas in Paris” и одличните реакции на публиката тие повторно изненадуваат со нешто ново, овојпат со нивната прва авторска песна. “Во твојата улица” е најсвежиот производ од работилницата на Лабаво Лавабо и Nipple records, во соработка со Ристо Алчинов (recording, mix, mastering). Како гости во песната се појавуваат Нина Јанева (пратечки вокали) и Кире Бреслиев (труба). Музиката и текстот се дело на фронтменот Бојан Филиповски, додека пак аранжманот…

повеќе...