Во Пештани екипите на „Охридски Комуналец“ поставија нови корпи за ситен отпад по новото шеталиште, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото се заменија со нови метални корпи. Во Пештани, во текот на туристичката сезона Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има поставено дежурни комунални работници кои ја одржуваат хигиента на јавно-прометните површини и на плажата.
повеќе...Tag: пештани
При контрола во водите на Охридското Езеро затекнати рибокрадци од Пештани
На 10.07.2014 година околу 05,00 часот, од страна на униформиран полициски службеник од полициската станица за граничен надзор-Охридско Езеро, при вршење патролна служба во водите на Охридското Езеро, во близина на населба Лагадин, во чамец како ловат риба биле затекнати се З.В.(52) и С.Р.(32) двајцата од Пештани, охридско. Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени во Полициската станица. Се работи на целосно документирање на случајот.
повеќе...Хортикултурно уредено шеталиштето во Пештани
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплеменаа новиот кеј во с.Пештани. На шеталиштето кое се протега од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица, претходно се постави систем за наводнување, а потоа на 15 партерно оформени катчиња се изврши засадување на 15 палми, а околу нив се засадени 75 шимшири и 150 парчиња сезонски цветен материјал од видот хипоестес. Со тоа крајбрежниот појас на Пештани доби лик како што доликува на оваа позната туристичка населба. Екипите на „Паркови и зеленило“, продолжуваат со оформувањето на зелениот појас од бетонската…
повеќе...Нов пункт на Здравствен дом во Пештани
Со цел да се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита за осигурениците но и туристите, денес во Пештани се отвори нов пункт на Здравствен дом Охрид. Ова ќе биде помошен пункт што ќе работи само за време на летната туристичка сезона, и тоа, од понеделник до петок во една смена, од 08 до 14 часот, а за време на викендите, кога напливот на туристи е зголемен, пунктот ќе работи во две смени, од 08 до 20 часот. Како што истакна директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во новиот пункт во Пештани ќе работат матични лекари, кои ќе…
повеќе...При жестока вербална расправија во Пештани, сопруга со нож го избодила сопругот
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава. Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување. Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле во кујната…
повеќе...Во Пештани се одбележува хоризонаталната сигнализација
Денеска, во Пештани, ЈП „Нискоградба“ започна со одбележување на хоризонталната сигнализација. Одбележувањето се врши на потегот каде се прави новата пешачка патека од рибниот ресторан до некогашната полициска станица. Активностите за уредување на овај простор се при крај и се очекува да завршат во наредните неколку денови.
повеќе...Привршуваат градежните зафати во Пештани
Градежните активности кои се одвиваат во Пештани, а започнаа пред дваесеттина дена се при крај. Денеска се привршува со партерното уредување на пешачката патека, а во наредните денови ќе се засадат дрвцата, ќе се постават клупите, ќе се постават канделабрите и ќе се уредни паркинг просторот. „При крај се активностите околу изградбата на кејот во селото Пештани. Како единствено село кое што од поодамна е урбанизирано заслужува реализирање на ваков проект. По изградбата на потпорниот ѕид од страна на Локалната самоуправа, се пристапи кон уредување на кејот. Направени се околу…
повеќе...Уште не ни дојде умот (Црна точка на патот Охрид- Пештани кај плажата Атлантик)
Уште не се научивме! Уште не ни дојде умот! Уште колку сообраќајки треба да се направат на ова место, на овој чуден и непотребен превалец на патот Охрид – Пештани?! Уште колку жртви треба да земе оваа голема црна точка кај новата плажа Атлантик*?! Уште колкумина млади возачи и патници треба да загинат и уште колку споменици треба да стојат речиси на патот (веднаш до коловозот!) на местото на несреќите на ова мошне прометно место кај Елешец?! И кој треба да реагира освен локалните жители од Елшани и Елешец и…
повеќе...Холандски туристи во Пештани ја бодреа својата репрезентација
Холандските туристи кои деновиве ги има се повеќе во Охрид, не ги пропуштаат настапите на нивната репрезентација на Светското првенство во фудбал кое се игра во Бразил. Така беше и синоќа во Пештани, кога група холанѓани ја бодреа Холандија, која во интересен натпревар успеа со 3:2 да ја победи Австралија. Ангелче Андриоски
повеќе...Партерно се уредува новоизградениот кеј во Пештани
Од утрово екипи на ЈП „Нискоградба“ и МЈП „Проаква“, РЕ Водовод Охрид започнаа со партерното уредување на шеталиштето на новоизградениот кеј во Пештани. Се работи на поплочување на просторот каде што ќе биде пешачката патека, се поставуваат клупи и се поставува ново осветлување со канделабри. Деновиве од како ќе завшри партерното уредување ќе се премине кон хортикултурно уредување на просторот, кога екипи на ЈП Охридски Комуналец ќе пристапат кон правење паркови во кои ќе се засадат зимзелени разтенија, тревни површини како и цветни декорации. Со завршувањето на работите на кејот…
повеќе...