Работата го краси човекот

 Повод за ова мое писмо е вашата анкета „Дали барате работа?“. Во моментот кога ги пишувам овие редови, го забележувам поразителниот факт: од 151 анкетиран само 32 имаат работа!  Вработувањето е едно од клучните прашања за барем колку- толку среден живот. А за маките да се најде работа дури и Тантал и Сизиф со нивните искушенија поради гневот на боговите се „гола вода“.  Да се најде работа е вистински макотрпна и долга одисеја од која не е сигурно дека ќе излезеш со позитивен исход.  Како сè започнува!  Да го прескокнам делот…

повеќе...

Египќаните за промена на името на ОУ „Братство-Единство“

Терминот „Братство-Единство“ потекнува од едно минато време, иако во себе има содржина на взаемно почитување и соживот, сепак го надминало времето, бидејки на сцена е Парламентарната и непосредна Демократија. Но, основот за ова лежи, што денес, не сум убеден колку се почитува основното значение и пораката што го носи терминот Братство-Единство. Затоа, имаше и инцидент, а тие се создаваат кога „вештачки“ се одржуваат во живот така значајни термини, како маска или шминка, зад нешто што се прави, едноставно тој термин се „злоупотребува“ и не е одраз на објективната стварност. Основачи…

повеќе...

Колумна: Египќаните заслужуваат повеќе

Египќаните се лојални граѓани на Република Македонија и во согласност со Уставот треба да бидат и рамноправни. Спаѓаат во категоријата ранливи етнички заедници, на кои катадневно им се заканува процесот на асимилација. Според принципите на парламентарната демократија, државата, која има намера да влезе во семејството на европските народи, треба да донесе позитивни прописи за да ги заштити. Египќаните не се правилно и соодветно интегрирани во институциите на системот и не се спомнати во преамбулата на Уставот, што од своја страна дефинитивно носи тешки последици за припадниците на оваа етничка заедница.…

повеќе...