Голем интерес за планинарската тура на Галичица

Преку 40 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од планинарската тура на планината Галичица, која се реализираше денеска, во организација на Црвен крст Охрид и во рамки на одбележувањето на Неделата на срцево садови заболувања. Групата ја предводеа членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, а во Станицата за спасување на местото Липова ливада, медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршеа здравствени прегледи, додека најмладите уживаа во снегот. Со оглед на интересот, вакви и слични активности ќе бидат организирани и во наредните…

повеќе...

Падна првиот снег на планината Кожув

Падна првиот снег на планината Кожув за оваа сезона. Снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри. „Засега снежната покривка изнесува околу 18 сантиметри, но снежните врнежи и понатаму се интензивни. Очекуваме до крајот на денот согласно прогнозата за временските услови, снежната покривка да достигне од 25 до 30 сантиметри“, изјави Ангел Наков, извршен директор на ски центарот „Кожуф“ компанија чие седиште е во Кавадарци. Извор: Нет Прес

повеќе...

Извидничка активност : „Школа за преживување во природа“

Во организација на извидничкиот одред „Пионер“ на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. На школата практична едукација добија вкупно 12.извидници од категоријата „РОВЕРИ“ (16+) од седум извиднички одреди од Р.Македонија. Истите преку практична работа за период од 100.часови поминати под ведро небо во исклучително променливи временски услови на потегот од с.Требеништа преку с.Скребатно па се до Охрид (патека долга околу 58.км), стекнаа вештини во препознавање и начин на избор на безбедно место за престој во природа, контрола и самоконтрола, изградба…

повеќе...

Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS ги повикуваат сите граѓани активно да учествуваат на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“ како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна, со цел да го зачуваме природното богатство од уништување. Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја…

повеќе...

Свечено пристигнаа планинарите учесници на Илинденскиот планинарски марш „Илинден 2015” на Мечкин Камен

По повод 2-ри август,националниот празник Планинарската Федерација и Агенцијта за млади и спорт го органзираа традицонално Илинденскиот марш “Илинден 2015”, Скопје-Крушево-Охрид.Учествуваа од повеќе Планинасрки друштва од Македонија и странство. Маршутата помина по трагите на Илинденците низ централна Македонија а на учесниците му беа овозможени сите услови за безпрекорно да го поминат маршот и напорниот пат.Тоа беше голема можност за одржување на кондицијата и јакнење на вољата,челичење на организмот,другарување и запознавање на убавините на Македонија. Маршот или трансвезалата Скопје-Крушево-Охрид догла е околу 200км а се пешачи од 10 до 12часови .Право на…

повеќе...

Планинарска тура по повод 2-ри август

Планинарската федерација и Агенцијата за млади и спорт по повод националниот празник 2 Август од денеска до 3 август организираат планинарска тура, на која ќе учествуваат повеќе планинарски друштва од Македонија и гости-планинари од странство. Маршрутата поминува по трагите на Илинденците низ централна Македонија и е долга околу 200 километри. Учесниците дневно ќе пешачат околу 10 до 12 часа. Право на учество имаат искусни планинари, здрави и кондициски подготвени, со задолжителни лекарски преглед. Организаторите соопштија дека сите учесници кои денеска ќе стигнат на означеното собирно место ќе бидат превезени со…

повеќе...

Дозволи за движење во НП Галичица ќе можат да се подигнат секој работен ден од 9 до 13 часот

Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите поради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица „Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетата на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената…

повеќе...

Шумски јагоди – лек од памтивек

Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода. Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми. Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и…

повеќе...

Полициски скијачки натпревар во алпски дисциплини

На падините на Попова Шапка, минатата недела се одржаа 26-тите по ред Полициски скијачки натпревари во алпски дисциплини, кои чевртта година се во организација и под покровителство на Македонскиот полициски синдикат. На натпреварите кои беа организирани на патеката „Срт“, каде беше нивниот официјален старт, настапија педесетина учесници. Најдобар резултат во велеслалом повторно оствари Ѓорѓи Бушевски од Секторот за внатрешни работи Тетово, кој уште еднаш ја потврди својата супериорност и постигна најдобро време во машка конкуренција. На второ место се пласира Марко Гоцевски од ЦПС, а на третто Дејан Блажевски, исто…

повеќе...