Министерството за финансии ја исплати пензијата за јули

Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за јули. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари. Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари. Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите и со тоа поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.

повеќе...

Просечната нето плата се зголемила за околу еден отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2014 година, во однос на април 2013 година, изнесува 100.7 Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (6.8%), Дејности во врска со недвижен имот (5.5%) и Административни и помошни услужни дејности (5.1%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на…

повеќе...

Повисоки плати и пензии и 64.000 нови работни места

Во наредните четири години, вклучувајќи ја и тековната, ќе има зголемување на платите во јавниот сектор, пензиите, социјалната и постојаната парична помош за 21,5 проценти, најавува мандатарот Никола Груевски. „Со поддршката на домашните компании, со странските директни инвестиции, инвестиците во инфраструктурата, закрепнувањето на економијата и оперативните мерки за вработување, во следните четири години се стремиме кон отворање на 64.000 нови работни места и намалување на невработеноста од постоечките 28,4 проценти  на околу 22 проценти“, рече Груевски, при денешната презентација на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година. Посебен фокус, како што…

повеќе...

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, изнесува 98.6. Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (26.2%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2.3%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и…

повеќе...

ДЗС: Нето платата во јануари изнесувала 21.327 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.7. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7.3%), Градежништво (4.0%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.0%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (7.2%), Административни и помошни услужни дејности (3.6%) и Трговија на големо и…

повеќе...