Охриѓани кршеле стакла на светлечки реклами

Вчера во 02:00 часот во СВР Охрид, лице од приватно обезбедување пријавило дека непознато машко лице по улицата „Димитар Влахов“ вршело оштетување на реклама и стакло. Двајца полициски службеници излегле на местото на настанот и ги забележале лицата Љ.Ѓ. (57) кој бил со шипка во раката и Ѓ.Ѓ. (27). Кога полициските службеници се доближиле до двете лица истите ги турнале и физички ги нападнале. По кратко време Ѓ.Ѓ. бил совладан, додека Љ.Ѓ. успеал да избега. Од страна на службените лица Ѓ.Ѓ. најпрвин бил однесен во МЦ Охрид (се здобил со…

повеќе...

Кривична пријава и притвор за лицата поврзани со убиството на младото момче во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (29) од Краљево-Република Србија. Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и М.П.(26) и Ѓ.П.(25) двајцата од Краљево-Република Србија. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. На први јануари оваа година околу 02 часот, во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, се случило нарушување на јавниот ред и мир со жестока вербална расправија помеѓу две групи во…

повеќе...

Маж пронајден мртов во хотелска соба во Охрид

Вчера околу 10,00 часот во Охрид, во хотел„Гранит“ во хотелска соба пронајден е починат Владо Д.(65) од Охрид. Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидина екипа од СВР-Охрид, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

повеќе...

СВР со детали околу пронајденото машко тело на ул. „Цар Самоил“ во Охрид

Едно лице го загуби животот во нарушувањето на јавниот ред и мир, што синоќа се случи во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Димитар М. (27) од Охрид, им подлегна на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред кафе барот „Табана“ беше физички нападнат од еден државјанин на Република Србија кој на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот на кафе барот му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото. На овој напад, му претходела жестока вербална расправија помеѓу две…

повеќе...

Спасовски: Полициските службеници од Одделот за гранични работи ефикасно ќе се справат со сите идни предизвици

„Граничната безбедност и надзорот над државната граница е еден од клучните сегменти во работата на Министерството за внатрешни работи. Одделот за гранични работи при МВР, во текот на годината што е зад нас имаше прилично обемни активности пред се причинети од огромниот наплив на мигранти од земјите на Блискиот и Среден Исток и северна Африка.“ Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со полициските службеници од ПС за ГP и ГН Деве Баир. Презентирајќи дел од статистичките показатели за активностите на Одделот за гранична полиција…

повеќе...

Охридската полиција со честитка за Нова година

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со Македонскиот полициски синдикат, денес, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2016-та та година. „На овој начин, сакаме како полиција, на сите граѓани да им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. Истовремено сакаме да укажеме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи…

повеќе...

Полициски службеници од Хрватска, Србија, а наскоро и од Унгарија, Словенија и Чешка заедно со македонските полицајци на јужната граница

На сите состаноци кои се одржуваа на регионално или европско ниво, Република Македонија апелираше дека ни е потребна материјала и логистичка помош за соодветно, рамо до рамо со земјите членки на Европската Унија, активно да се справи со илегалната миграција од една страна, но и да понуди хуманитарна помош на бегалците од друга страна. Во таа насока, Управувачкиот комитет за координација и управување донесе одлука да се испратат официјални писма – барања за испраќање на полициски службеници од поголем број на европски земји кои директно или индиректно се засегнати од…

повеќе...

Кривични пријави за лица од струшко кои незаконски приредувале игри на среќа

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. ( 33) од Скопје, Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од струшкото село Корошишта. Пријавените И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил…

повеќе...

Кривична пријава за вработена во ЈП „Градски гробишта“ поради несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б.М.(46) од Охрид, вработена како книговодител во ЈП „Градски гробишта“-Охрид, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2012 и 2013 година, пријавената во својство на книговодител била задолжена за водење на евиденции за сметки за гробарина по кои несовесно постапувала при што дозволила 47 сметки за гробарина кои не биле спорни да ги внесе во компјутерот како спорни со што предизвикала материјална штета на Јавнотото претпријатие и корист на старателите на гробните места во висина…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори‘‘, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид. На втори мај оваа година околу 06 часот и 20 минути, пријавениот се обидел да им избега на полициските службеници кои пристигнале пред неговата куќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид. По судска наредба, полициските инспектори требало да извршат претрес во домот и патничкото моторно возило на пријавениот. Тие, во моментот на пристигнување, го забележале М.О. како по пиџами излегува од…

повеќе...