Младиот кошаркар на Работнички и македонски јуниорски репрезентативец, Дарио Митров, на тренинг со својата екипа се здобил со сериозна повреда на десното око, за што итно треба да се оперира во странство. Клиничкиот конзилиум на Универзитетската Клиника за очни болести од Скопје, констатира дека итно му е потребна операција во Брисел (Белгија), каде што докторите гарантирале за подобрување на неговиот вид. Сите кои сакаат и се во можност да му помогнат на Дарио, можат да донираат 100 денари од мрежата на Т-Мобиле на телефонскиот број 070/143-112.
повеќе...Tag: помош
Љупчо Настоски и оваа година на Божиќ, во домот на малечката Симона
По четврти пат, Љупчо Настоски со подароци и парична помош, на Божиќ ја посети петгодишната Симона. „Симона ја чувствувам како дел од моето семејство и искрено се радувам на подобрувањето на состојбата со нејзиниот вид. Посакувам и искрено се надевам, во најбрзо време Симона да може да ме види и за следниот празник да може да биде таа гостин во мојот дом. Покрај молитвите за здравје, среќа и благосостојба на моето семејство и моите пријатели, на овој Божиќ од срце се молам и за здравјето на малата Симона. Се надевам со Божја…
повеќе...СВР Охрид активно ќе се вклучи во хуманата акција за помош на шестгодишниот Иван Лековски од Струга
Секторот за внатрешни работи Охрид, по иницијатива на портпаролот Стефан Димоски, активно ќе се вклучи во хуманата акција за помош на шестгодишниот Иван Лековски од Струга. Сакајќи, малиот Иван да ја победи болеста и да има среќно детство, од почетокот на идната работна недела, вработените во СВР Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства кои ќе бидат уплатени на жиро сметка, но и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел. Во пресрет на новогодишните и Божиќните…
повеќе...Советникот Настоски донираше постелнина и пижами за Детското одделение при Општата болница
Денес, на Детското одделение при Општата болница во Охрид, Љупчо Настоски донираше постелнина и пижами за децата кои се згрижуваат заради болничка нега на ова одделение. „Хуманоста е доблест на секој човек. За време на празнувањето на големиот празник Св.Никола, во неврзан разговор со вработен од Детското одделение при Општата болница – Охрид добив информација што им е најнеопходно. Заедно со моето семејство, а во рамки на нашите можности, одлучивме и одвоивме средства годинава да подариме постелнини и пижами“. – изјави Настоски. Советникот Настоски на сите граѓани им ги честита…
повеќе...Со акцијата „Се грижиме за топол дом“ реализирани над 40 донации во Охрид
Во Охрид успешно се реализира акцијата за намалување на социјалниот ризик, „Се грижиме за топол дом“, што Министерството за труд и социјала ја реализира со охридската Локална власт и со Центарот за Социјални работи. Од нејзиното започнување на 14 август до 11 декември годинава се реализирани над 40 донации. Акцијата продолжува и во наредниот период. Општина Охрид апелира до сите граѓани кои имаат вишок на предмети да ги донираат на социјално загрозените семејства. За таа цел можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800, или на e-маил…
повеќе...Хуманитарна помош за Заводот за нефрологија во Струга
Социјалното друштво „Браќа Миладиновци“ во соработка со Ахам – хуманитарна организација, двете од Мелбурн Австралија, денеска по втор пат донираа инвалидски колички и два пакети чаршафи за потребите на пациентите од Заводот за нефрологија од Струга. Од Заводот за нефрологија во Струга истакнаа дека се постојано во комуникација со хуманитарните организации од Австралија. „Првата ваква хуманитарна помош се оствари во 2006 година. Ваквите акции треба да бидат се почести во иднина“, велат од Заводот. Претставникот за Македонија на Ахам-Хуманитарната организација од Австралија, Аце Петкоски вели дека стои на располагање за…
повеќе...Претставници на Lions Club Десарети и DASS инженеринг им доделија 30 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид
Како резултат на успешно завршената кампања за Неделата на борба против гладта и собраните прехранбени производи од кои се направени 150 хуманитарни пакети, Црвен крст Охрид во текот на оваа недела, заедно со поединци, фирми и институции кои ја помогнаа кампањата, врши поделба на хуманитарните пакети на социјално загрозените семејства од Охрид. Вчера градоначалникот Никола Бакрачески пред просториите на ОО Црвен крст Охрид, подели 50 од вкупно 150-те пакети со прехранбени производи и производи за лична хигиена, додека пак денес на социјално загрозените охридски семејства им беа поделени 30 пакети…
повеќе...Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески и на Црвениот крст Охрид
По повод „Неделата за борба против гладта“, над 50 социјално загрозени семејства, припадници на етничката заедница на Египќаните, изразуваат голема благодарност до градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како и претседателот на Општинската Организација, на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, со која организација како што наведуваат од НВО Коалицијата на Египќаните, имале непосредна и континуирана соработка и разбирање на семејствата со социјален ризик, каде несомнено и за жал, приматот го имаат, социјално загрозените семејства, припадници на Египќанскиот етникум. Како што истакнува Демир Далип, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, во…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески подели хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства
По повод „Недела на борба против гладта“ која се одбележуваше од 16 до 22 октомври, градоначалникот Никола Бакрачески денес пред просториите на ОО Црвен Крст Охрид, подели 50 од вкупно 150-те пакети со прехранбени производи и производи за лична хигиена наменети за социјално најзагрозените охридски семејства. „Сакам да истакнам дека Локалната Самоуправа посветено ќе работи на помагање на овие социјално загрозени семејства , не само преку доделување хуманитарни пакети, но и во создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат…
повеќе...Зголемување на паричната помош од 50 проценти за самохрани родители на деца со пречки во развој
Двесте и шеесет самохрани родители на деца со пречки во развој ќе добијат зголемување на паричната помош во висина од 50 проценти на онаа што досега ја земаа, ова денеска на прес-конференција го кажа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Самохраните родители на деца со пречки во развој, кои досега добивале по 4.280 денари, од почетокот на 2014 година ќе земаат по 6.420 денари“, рече Спасов. За буџетот за 2014 година ќе се обезбедат дополнителни средства во висина од 6.676.000 денари, а за реализација на оваа предлог мерка…
повеќе...