Премиерот Груевски во работна посета на Државата Израел

Претседателот на Владата на Република Македонијa, Никола Груевски, денес престојува во посета на Државата Израел. Во владината делегација која ја предводи македонскиот премиер, се и министерот за надворешни работи, г-дин Никола Попоски, и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Џери Наумоф. Во рамките на посетата, премиерот Никола Груевски ќе оствари средба со премиерот на Државата Израел, г-дин Бенјамин Нетанјаху. Претседателот на Владата Никола Груевски и владината делегација, во Ерусалим, ќе присуствуваат и ќе се обратат и на бизнис форум на кој ќе бидат презентирани можностите за…

повеќе...

Преку проектот „Македонија вработува“ досега вработени 10.100 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ досега се вработени 10.100 лица. Проектот се покажа како одличен, оцени премиерот Никола Груевски. „Многу сум задоволен од овој проект. Нашата цел е да се зголеми бројот на вработувања. Работите се движат во добра насока, односно 6.750 фирми имаат вработено со овој проект вкупно 10.100 лица. Бројката расте секој ден, луѓето ги користат и доаѓаат до свое вработување, а значајно е што и компаниите добиваат многу затоа што има многу поволности за компаниите кои што вработуваат преку овој проект“, изјави Груевски. Тој потсети дека станува збор…

повеќе...

Шест нови училишта ќе се градат в година, досега изградени 72

Трендот на изградба нови училишта во Македонија продолжува и натаму. За следната година планирана е изградба на шест нови училишта. Во моментов две се во фаза на изградба, а досега се изградени 72 целосно нови училишта. Тоа значи дека до крајот на идната година ќе бидат завршени вкупно 80 нови училишта, информира денеска премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека покрај изградбата на овие нови 80 училишта, во изминатиот период комплетно биле реновирани 350. Од шесте кои се планираат за идната година, појасни Груевски, две произлегле од одењето на терен и…

повеќе...

Две нови намалувања на цените на лековите наредната година

По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на…

повеќе...

Нов современ компјутерски томограф за Клиниката за неврологија

Полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите на Клиниката за неврологија во Скопје ќе овозможи новиот современ компјутерски томограф што денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари. Досега на Клиниката имало еднослајсен компјутерски томограф со постара технологија, поради што пациентите оттука биле препраќани на Клиниката за радиологија. „Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување…

повеќе...

Груевски: Исплатени 25 милиони евра субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци

Вкупно 25 милиони евра се исплатени за субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци. Очекувам и откупот кој претстои за годинашната реколта успешно да се спроведе, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по обиколката на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп. „Очекувам деновиве да започне откупот и апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за…

повеќе...

Груевски-Заниер: Македонија и ОБСЕ соработуваат во сите сфери

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Соговорниците дадоа позитивна оценка за соработката на Република Македонија и ОБСЕ во сите сфери од взаемен интерес. Премиерот Груевски истакна благодарност за придонесот и поддршката која ОБСЕ ја овозможува на нашата земја во спроведувањето на реформите во сите општествени сфери. Тој го информираше својот соговорник за посветеноста на Владата кон спроведувањето на реформи кои значат унапредување на стандардите во сите потребни области. Двете страни ја…

повеќе...

Груевски: Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

Македонија, според податокот на Европската канцеларија за статистија – Евростат, е четврта најниско задолжена држава во Европа, што е најдобар одговор на обвинувањата од СДСМ дека ние сме ја презадолжиле државата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски. Пред Македонија, како што додаде Груевски, се само Естонија, Луксембург и Бугарија. „Тоа што Македонија е четврто најниско задолжена држава во Европа не коресподира со бројките и обидите на СДСМ да го дискредитира нашето работење и да не прикаже како Влада која премногу ја задолжила државата“, рече Груевски и додаде дека Европската комисија…

повеќе...

Груевски: Од денес уште 16.000 земјоделци ќе добијат субвенции

Денес почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели. „Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони…

повеќе...

Груевски – Ли: Кина е заинтересирана и ја поддржува соработката со Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денес во Пекинг оствари средба со премиерот на Народна Република Кина, г-дин Кечијанг Ли. На средбата соговорниците го поздравија позитивниот развој на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои се одликуваат со пријателство, взаемно разбирање и меѓусебна поддршка. Соговорниците ги истакнаа и економските односи кои што бележат нагорен тренд и позитивен развој. Премиерот Груевски посочи дека Република Македонија ја поддржува иницијативата на НР Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во рамките на процесот 16 плус 1,…

повеќе...